НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег
Објавено во: Македонија 15 Март, 2025 07:20
Македонија и понатаму се наоѓа под влијание на невообичаено топла воздушна маса за овој период од годината, и истата продира од југ. Оваа топла воздушна маса својот максимум ќе го достигне денеска кога температурите ќе бидат највисоки. Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).
Што се однесува до температурите, тие во сабота на 15 март насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат и над 25 степени, додека во Повардарието тие се очекува да се искачат дури до околу 30 степени.
Во Скопје ќе биде најтопло, температурата ќе се искачи до близу 30 степени.
Од вторник пак (18 март) зимата на Балканот и во Македонија се враќа на голема врата, проследено со силен северен ветер, силен пад на температурите ( и за повеќе од 20 степени) и со повремени врнежи од снег на повеќе места. Снежни врнежи кои доаѓаат од север ќе има и во градовите, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




