Откријте ги легендарните ликови кои имаат оставено белег во светот на коцкањето. Дознајте ги имињата и биографиите на успешните коцкари
Најславните коцкари во историјата
Објавено во: Мои пари 10 Јули, 2024
Светот на коцкањето е сведок на постојани промени. Тоа е логично со оглед на брзото имплементирање на најновите технолошки иновации во оваа активност. Со овие промени се појавуваат и нови, талентирани професионални коцкари кои ги прикажуваат своите вештини на турнири, но и на поединечни игри.
Сепак, постојат и некои професионалци (но и повремени играчи) кои имаат оставено траен белег во оваа активност и чии имиња им се познати дури и на оние кои не се големи љубители на коцкањето. Во нашиот текст ви ги откриваме најславните меѓу нив.
Кери Пекер
Листата ја започнуваме со Кери Пекер, еден од оние прочуени коцкари на кои коцкањето не им е прва професија. Пекер бил всушност австралиски медиски тајкун. Една година пред неговата смрт во 2005 година, медиумите го процениле неговото богатство на околу 6,5 милијарди австралиски долари.
Подолг период од неговиот живот Пекер бил страсен коцкар. Иако претежено ставал пари на игри на маса како рулет, покер и блекџек, сепак неретко се забавувал и на слот машини, едни од најпопуларните казино игри во Македонија и светот.
Од приказните кои кружат за Пекер, една од најинтересните е онаа за неговата тродневна малерозна серија низ лондонските казина која го чинела околу 28 милиони долари.
Од друга страна, овој милијардер има добиено 33 милиони австралиски долари во МГМ Гранд Казино во Лас Вегас. Пекер бил познат по својот избувлив карактер и желбата за преземање ризици. Неговите огромни облози ги тестирале границите на издржливост на многу познати казина.
Фил Ајви
Секако, на листата имаме и славни активни коцкари. Таков пример е Филип Денис Ајви Џуниор, попознат како Фил Ајви. Тој е професионален покер играч кој доаѓа од САД.
Има освоено единаесет нараквици во светската серија на покер турнири (WSOP) која се одржува еднаш годишно во Лас Вегас. Дополнително, има освоено една титула во светската покер турнеја (WPT), а има дојдено до финалните маси на ова натпреварување дури девет пати. Ова се некои од причините зошто Фил често е нарекуван најдобар покер играч на сите времиња.
Покрај традиционалните покер игри во физичка форма, Ајви игра и онлајн покер. Се разбира, тој има огромен успех и во овој формат на натпреварување. Исто така вреди да се спомене дека спортското обложување како и играњето голф му се омилени споредни активности.
Медиумите имаат забележано и неколку огромни донации за разни хуманитарни организации направени од овој професионален покер играч. Да не заборавиме дека тој е се уште активен, па можно е во иднина да сруши уште некои рекорди.
Жељко Раногајец
Многу коцкари се навистина живописни ликови. Таа констатација секако важи и за Жељко Раногајец, австралиски коцкар со хрватско потекло роден во 1961 година. Иако неговите родители се надевале дека ќе заврши економски факултет, тој се откажал од факултетот после две-три години студирање откако почнал сериозно да се занимава со коцкање.
Неговата прва љубов бил блекџекот. Многумина го сметаат за еден од најталентираните блекџек играчи. Според приказните, кариерата ја започнал со само неколку стотини долари кои за релативно кратко време успеал да ги претвори во неколку милиони.
Сепак, на крајот, на Раногајец му бил забранет влезот во повеќето казина во Австралија кои го обвинувале за користење на забранетата техника на броење карти. Од тие причини се преселил во САД, а подоцна во Англија.
Покрај блекџек, има добиено и 7,5 милиони долари на Кено, освојувајќи го џекпотот во оваа игра додека бил на одмор. Наводно вложил повеќе од наградата за да дојде до неа. Конечно, Раногајец е љубител и на обложување на трки со коњи.
Фил Лак
Уште еден покер играч се најде на нашата листа на најславни коцкари во историјата. Иако не е успешен како другиот Фил кој го спомнавме погоре, сепак, тој е интересен лик.
Лак е роден во Ирска, но живее во САД од својата младост. Тој има освоено една титула во светската покер турнеја (WPT) и држи една нараквица од светската покер серија (WSOP).
Интересно е што Лак е дипломиран машински инженер кој има работено извесно време во својата струка пред целосно да се посвети на покерот. Можеби една од причините за тоа е фактот што бил цимер со професионален покер играч. Дополнително, пред да влезе во светот на покерот, Лак има поминато доста време работејќи на своите вештини во табла.
На покер сцената е познат и како Унабомбер, прекарот на познатиот американски терорист. Причинита поради која го има добиено прекарот е поради неговиот стајлинг кој вклучува наочари за сонце и блузон со качулка.
За крај, да потсетиме и дека Фил Лак го држи рекордот за најдолго време поминато во играње покер во една сесија. Имено, тој има помината 115 часа на покер маса (секако со мали паузи), во казино хотелот Белаџио во Лас Вегас.
Стенфорд Вонг
На крај ќе го претставиме Стенфорд Вонг. Вистинскиот име на овој играч и автор на повеќе книги е Џон Фергусон. Стенфорд Вонг е всушност псевдоним кој го користи за своите книги.
Вонг има креирано и компјутерска програма наречена Блеџкек Анализатор. Иако прво ја користел за лини потреби, по извесно време решил да ја комерцијализира. Ова е една од првите софтверски програми за анализа на можностите за добивки во блекџек.
Со играње блекџек започнал далечната 1964 година додека предавал финансии на државниот универзитет во Сан Франциско каде подоцна се стекнал со докторат.
Терминот Вонг/Вонгување се користи за специфична техника која им дава предност на блекџек играчите. Вонг ја популаризирал оваа техника во 1980-тите. Се работи за едноставна стратегија која ги советува играчите да ја набљудуваат играта без да се обложуваат се додека броењето не дојде во корист на играчот. Тогаш може да влезат во игра и да играат додека броењето односно делењето карти е во теоретска корист на играчот.
Во последно време Стенфорд Вонг е активен онлајн каде ги советува новите блекџек играчи.
пр објава