15 Мај, 2024
0.3242

Најскапо кралство во Европа- Холандија

Објавено во: Стил 16 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Најскапо кралсво во Европа е Холандија. Годишните трошоци на кралското семејство изнесуваат 39,5 милиони евра, додека трошоците од минатата година  во споредба со сегашните надминаа 14,2 милиони евра. Годишната плата на поранешната холандска кралица Беатрикс изнесуваше 830.000 евра. Личните и материјални трошоци на кралицата изнесуваа 4.358 милиони евра. Годишната плата на принцот претстолонаследник, сегашен крал на Холандија изнесуваше 246.000 евра, а трошоците на принцезата Максим беа 384.000 евра. Персоналот на кралицата кој брои 260 вработени во три кралски палати чини 17,6 милини евра. Материјалните трошоци на кралицата, како што се расходи за возен парк, за односи со јавноста и различни видови на комуникација достигнаа 7,8 милиони евра. Авионскиот превоз на семејството минатата година изнесуваше 1,1 милион евра. Дополнителните трошоци кои што се искористени за безбедност на куќата и нивните членови и гости беа 5,6 милиони евра во 2012 година. Иако Холандија има најскапо кралско семејство, сепак тоа има  помали трошоци во споредба со францускиот претседател кој минатата година потроши 111 милиони евра.