НАЈРАДИКАЛНИ МЕРКИ ВОВЕДУВА „НИСАН“ – ПРЕДВРЕМЕ ЌЕ ПЕНЗИОНИРА, ОТПУШТА 20.000 ЛУЃЕ: Има загуба од над четири милијарди долари во 2024 година
Објавено во: Економија 20 Мај, 2025 11:34
НАЈРАДИКАЛНИ МЕРКИ ВОВЕДУВА „НИСАН“ – ПРЕДВРЕМЕ ЌЕ ПЕНЗИОНИРА, ОТПУШТА 20.000 ЛУЃЕ: Има загуба од над четири милијарди долари во 2024 година
„Нисан“ ќе им понуди на своите вработени можност да аплицираат за предвремено пензионирање ова лето, како дел од обидот да му помогне на јапонскиот производител на автомобили да излезе од кризата, изјави денес извор запознаен со ситуацијата.
Програмата за пакет за предвремено пензионирање треба да биде лансирана за прв пат по 18 години во јули и август, а понудата ќе се однесува на вработените во продажбата и сметководството, објави „Џапан тудеј“.
Работниците од секторите за развој и производство нема да бидат вклучени во овој дел од планот за елиминирање на околу 20.000 работни места низ целиот свет. Програмата ги опфаќа вработените на возраст од 45 до 64 години, кои веќе се информирани за неа, но бројот на апликации што ќе бидат прифатени не е откриен.
Третиот најголем производител на автомобили во Јапонија по обем има за цел да ги намали административните трошоци поради влошувањето на деловната клима предизвикана од царинските политики на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кои вклучуваат царини од 25 проценти за автомобили од април.
Додека се бори со слабата продажба во САД и Кина, компанијата објави мерки за реструктуирање откако објави огромна загуба од 670,90 милијарди јени (4,1 милијарди евра) за фискалната 2024 година.
Според плановите за реструктуирање, јапонскиот производител на автомобили ќе ја намали својата глобална работна сила за околу 15 проценти, како и бројот на своите фабрики за возила од 17 на 10, до 2027 година, за да ги реши проблемите со прекумерен капацитет.
Според извор од компанијата, „Нисан“ размислува и за затворање на две фабрики во близина на Токио, кои сочинуваат околу 30 проценти од нејзиниот домашен производствен капацитет.
фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER JUEМожеби ќе ве интересира
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото




