25 Април, 2024
0.0290

НАЈНОВО НА НУМЕРИЧКИТЕ МОДЕЛИ - на планините многу снег за кратко време, можност за снег и во повисоките градови?

Објавено во: Македонија 04 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Поради присуството на значително поладен воздух, утре рано наутро и во претпладневните часови врнежи од снег би можело да има и во повисоките градови во западните и во југозападните предели од Македонија, во делот од (Дебар, Кичево, (Крушево со сигурност), Охрдско – Струшкиот регион и во Пелагонија! Внимание на планинските превои, пишува Славчо Поповски.

Големиот влажен воздушен бран кој ќе ја зафати нашата држава од денес доцна попладне  и навечер, и кој е во склоп со длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места ќе донесе обилни врнежи од дожд, (локално и над 30 литри дожд на метар квадратен).

На планините, како и на планинските превои, особено во западната половина од државава ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, понекаде и со висина и над 25 сантиметри.

Со овој влажен бран и во Скопскиот регион ќе има пообилни врнежи од дожд.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер (над 60 км/час), најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа и од северен правец, а можна е и ретка појава на грмежи.

Утре температурите позначително ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.

НАПОМЕНА: Снежната граница понекаде, особено во западните предели би можела да се спушти до околу, па  и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од влажен снег би можело да има понекаде  и во повисоките населени места.

Не се исклучува можноста на повисоките планини (над 1700 – 1800 метри) да се формира снежна покривка дури и над 30 сантиметри за релативно краток временски период.

Потоа, нов влажен бран очекуваме во среда попладне и навечер, како  и во четврток кога повторно ќе имаме пообилни врнежи од дожд и снег на планините.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг