15 Декември, 2025
0.0477

Најголеми компани на југоистокот! Кои се главни во Струмица?

Објавено во: Економија, Анализа 18 Мај, 2023 08:30

Добивај вести на Viber

Струмица е единствена голема македонска општина која не зависи од гринфилд инвестициите. Лидери на струмичката економија и лани беа без исклучок домашно поседувани локални фирми, а меѓу најголемите се трговци на големо со текстил, нафтени деривати и градежни фирми

Струмица е најголемата економија во југоисточна Македонија. Нејзината сила произлегува од уникатна комбинација на многубројните самовработени семејства ангажирани во земјоделието и изразеното вродено претприемништво на населението од целата струмичка котлина. Заедница на отворени луѓе, гостопримливи и весели луѓе кои знаат да работат, заработуваат и се платежно способни.

Од историските Астарион преку Тивериопол до денешна Струмица овој регион е огромно богатство на културно историски споменици, важен трговски крстопат и повеќе од дваесет века урбан центар. Многу е веројатно дека токму историските белези и промени влијаеле врз локалната култура на тие луѓе кои секогаш се отворени, претприемчиви, гостољубиви и разговорливи.

Отворена економија доминанто пазарно ориентирана која непосредно граничи со соседна држава, а има силни и интензивни бизнис релации и со јужниот сосед. Минатата турбулента економска година која помина во сенката на големите предизвици предизвикани од растечките цени на енергенсите и галопрачката инфлација, Струмица ја издржа на нозе.

Анализата на „Фактор.мк“ покажува дека 11 компании кои лани успеале да остварат приходи поголеми од 15 милиони евра што е солиден резултат за општина која има околу 50.000 жители. Струмица е уникатна и по тоа што нејзината економија воопшто не зависи од странските гринфилд инвестиции затоа што според приходи и според добивка водат домашно поседувани локални фирми.

*табеларните прикази се правени со комбинација на параметрите приход од најмалку 5 милиони евра и добивка од најмалку 300.000 евра

**Од тие причини во табеларните прикази не се вклучени големиот производител на масло за јадење „Ал-макс“ која има приход од 24 милиони евра и „Џокс премиум“ фирма специјализирана за трговија (увоз) на големо со текстил со приход од речиси 17 милиони евра

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година