18 Декември, 2025
0.2358

НАЈГОЛЕМА НАБАВКА: За две фирми 900.000 евра за респираторите, колку одат кај нив?

Објавено во: Македонија 22 Април, 2020 14:32

Добивај вести на Viber

Коронавирусот го погоди човештвото, а крајните псоледици се уште се несогледливи особено од хуман аспект, а секако и како удар за здравството и за економската ситуација во земјите. Македонија направи поместувања на буџетските ставки за да пренамени средства за здравствениот буџет. Минситерството за здравство засега изврши неколку набавки поврзани со коронавирусот а најголема е таа за респираторите. Oд Министерството за здравство не потврдуваат дали се стасани купените респиратори за кои министерот извести минатата недела но секако бешенајевно дека испшораката ќе биде за најмногу десет календарски денови за едниот дел и за 30 денови за останатите.

Станува збор за 31 машина за механичка вентилација кои Министерството ги купи од две фирми - Соникс Анастасија и Винора ДООЕЛ. Од Соникс Анасатасија која и порано е една од клучните преку кои здравствените установи ги вршеа набавките се купени 26 респиратори, а останатите пет се од Винора.

За договорот на Соникс треба да му се исплатат  околу 40 милиони денари, додека на Винора околу 7,7 милиони денари. Вкупната сума во евра за Соникс е околу 770 илјади евра додека за Винора се околу 125 илјади евра.

Соникс ќе ги набавува респираторите од Јужна Кореа, а Винора од Германија.


Набавката за респираторите како најгоелма поединечна набавка во својот извештај ја наведува и Центарот за граѓански комуникации во извештајот поврзан за набавките поврзани со коронавирусот.

Најголема поединечна набавка е за респираторните машини, за што се потрошени 909 илјади евра. Досега најголема набавка поврзана со кризата е онаа на Министерството за здравство, кое со посебна Уредба на Владата набави 31 респираторна машина за 909.561 евро, или по просечна цена од 29.340 евра по машина. Специфичноста на оваа набавка е што се објави јавен оглас во којшто се бараа понуди во рок од три дена, со однапред утврдена максимална цена од 25.000 евра по машина (без давачки) и максимален рок на испораката од 30 дена. Добиени се девет понуди, од кои седум се отфрлени поради неисполнување на рокот на испораката, цената или други услови од повикот, стои во нивниот извештај.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија