29 Април, 2024
0.0297

Најдоцна до утре ќе се знае има ли опасно млеко во Македонија

Објавено во: Агробизнис 23 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Дали млекото кое се продава низ македонските маркети содржи афла токсин, најверојатно ќе се знае утре. Според прелиминарните податоци сите производи кои се пуштени во промет, ги исполнуваат стандардите, сепак дополнително е направена ре-проверка која е се уште во тек. -Прелиминарните податоци покажаа дека сите производи кои се пуштени во промет, ги исполнуваат стандардите односно нема опасност за граѓаните на Република Македонија, но, дополнително е направена ре-проверка која е се уште во тек и денеска треба да излезат нови  резултати кои би значеле потврдување на претходните резултати и врз основа на тоа кога ќе бидат сите информации добиени од страна на лабараторииите ќе излеземе со конкретно објавување на сето она што е резултат на овои проверки. Во таа информација ќе бидат објавени и резултатите кои се добиени врз основа на испитувањата за секој производ и производител поединечено за да знаат граѓаните на Република Македонија дали има опасност да купуваат одреден производ од млеко или нема, изјави денеска портпролот на Владата Александар Ѓоргиев.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?