14 Декември, 2025
0.0532

„НАЈДОБРИТЕ ШТО МОЖЕ ДА ГИ ИМА НА ПАЗАРОТ“: Мицкоски за условите за парите од Обединетото Кралство 'блиску сме до конечно решение'

Објавено во: Финансии 17 Мај, 2025 13:10

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти односно шест милијарди евра, а условите под кои ќе бидат достапни овие средства се најдобрите што некој може да ги има на пазарот.

 - Ги знам отприлика бидејќи веќе се преговара со месеци и можам да кажам дека се најдобрите што може да ги има на пазарот, но тоа се уште не е финиширано, не е конечно иако сме блиску до конечно решение. Многу скоро од денеска и тоа ќе биде објавено, репер ни е Еуролибор, и два фиксни параметри - грејс период и долг период на отплата - рече Мицкоски  на новинарско прашање.

Тој потенцира дека дека договорот за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство позитивно ќе влијае и на рејтингот на земјата во однос на условите за водење бизнис.

- Да имате стратешко партнерство со ОК значи и одредена политичка сигурност плус и тоа би требало да влијае позитивно и на рејтинг агенциите и на сите оние што ги проценуваат условите за водење бизнис кај нас. 

Самиот факт што во првиот квартал оваа година имаме раст на кредитетите, односно кредитирање и на стопанството и на граѓаните од 13 проценти, што е за шест пати повеќе од истиот период во Европа и за два и пол пати повеќе за истиот период минататагодина кај нас, говори дека надежта кај луѓето се враќа и дека довербата е тука и дека тие сакаат да инвестираат и да водат бизнис кај нас. Така што тоа за нас претставува комплимент - појасни претседателот на Владата.

На новинарско прашање за  јавниот и државниот долг со вбризгување на овие средства во економијата,  рече дека очекува БДП да расте побргу отколку јавниот долг, односно да дојде до намалување на јавниот долг, бидејќи појасни дека станува збор за капитални инвестиции, а не за позајмување пари за трошења за социјални трансфери.

- Во градежништвото парите три пати се вртат, така што јас не очекувам некакви импликации во тие параметри уште повеќе затоа што првата фактура би требало да стигне во 2027 година. Ќе имаме грејс период кога ќе можеме да се развиваме, да го растеме БДП. Така што, генерално станува збор за историски момент за нашата економија и за бизнисот - вели Мицкоски.

Тој најави транспарентност во однос на проектите кои ќе се испорачуваат со ова стратешко партнерство и седнување на маса со бизнис заедницата.

- Проектите кои ќе се испорачуваат а се дел од ова стратешко партнерство, и кога на тоа ќе ги додадете и тековните проекти во општините, тогаш навистина треба да видиме каков ни е апсорбциониот капацитет, бидејќи во Договорот се предвидува минимум 70-тина проценти да биде локална компонента. Така што ова ќе биде навистина голема поддршка за македонската економија и тука треба да работиме заедно со бизнис заедницата. Апсолутно немаме намера да го приватизираме овој проект бидејќи  не можеме и да сакаме да го направиме тоа - вели премиерот Мицкоски.

Дел од парите ќе бидат за инвестиции во инфаструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестици во здравстото и нови болници, завршување на проектот на Клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот Медицински факултет, студентски дом со капацитет од 200 легла, изградба на болницата во Кичево, заедно со здравствен дом, реконструкција на Клинилката болница во Тетово. Во наредниоте денови ќе се потпишат договори и за овие инвестици, рече Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари