07 Мај, 2024
0.0231

Најбрзиот и најефикасниот начин за детектирање на респираторни инфекции

Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Со наближувањето на зимата, сè почесто се јавуваат респираторни проблеми кај луѓето како резултат на зголемената загаденост на воздухот. Ударни се сезонските грипови, се намалува имунитетот и најчесто не можеме да се заштитиме од нив во целост. Во Биотек Лабораторија се врши молекуларна детекција на респираторни патогени со Real Time PCR - проверка за присуство на 33 микроорганизми кои предизвикуваат респираторни заболувања.

Експертите од Биотек зборуваат за причинителите и симптомите на инфекции на дишните патишта, нивното дијагностицирање и што е тоа што Биотек Лабораторија го нуди, а е поразлично од останатите специјализирани лаборатории.

1. Колку често се јавуваат инфекциите на дишните патишта и кои се најзасегнати групи?

Инфекциите на дишните патишта се најчестите инфекции кај луѓето. Имаат сезонски карактер на јавување и најчести се во есен, зима и рана пролет. Се пренесуваат главно аерогено, преку ситни капки кои болниот ги испушта при кивање, кашлање и обичен говор, но и секундарно преку загадени раце или предмети кои се контаминирани со секрет од заболениот. Најчесто се погодени децата но и повозрасните, особено лицата со намален имунитет и лицата кои имаат хронични заболувања.

2. Какви можат да бидат инфекциите на респираторните патишта и кои се нивни најчести симптоми?

Се делат на инфекции на горните респираторни патишта, меѓу кои се вбројуваат обичната настинка, акутен фебрилен катар, тонзилит, фарингит и ангина, кои што можат да се комплицираат со воспаление на синустите и увото. Додека пак во инфекции на долните респираторни патишта спаѓаат  бронхитот, бронхиолитот и пневмонијата кои се со потешка клиничка слика  и некогаш можат да завршат фатално. Сите инфекции се карактеризираат со општи симптоми како малаксаност, слабост, главоболки, покачена телесна температура, болки во грлото и респираторни симптоми – секрет од дишни патишта, кивање, кашлица која може да е  сува или продуктивна.


3. Дали точно се знае кои се најчести причинители на респираторни инфекции?

Најчестите респираторни патогени  според Светската здравствена организација се 33 вируси, бактерии и габички, и сите се опфатени  во молекуларното испитување - Респираторниот панел. Меѓу нив би ги споменале Вирусотна Influenza А, B и С како и типот H1N1, потоаParainfluenza , Corona, Rhinovirus, Adenovirus,  Enterovirus, но и бактериите причинители како Staphylococcus aureus, Streptococcus pneumoniae, Haemophilus influenzae, Bordetella,  Legionella и други. А најчестите предизвикувачи на атипични пневмонии се Chlamydia trachomatis и Mycoplasma pneumoniae.

4. На кој начин може да се детектираат сите тие респираторни патогени од еден примерок?

Единствен начин да се детектираат сите овие претходно споменати патогени е Респираторниот панел кој се изработува со Real time Multiplex PCR технологија. Real time Multiplex PCR техниката овозможува препознавање на специфични генски секвенци, делови од самите бактерии и вируси, и во поглед на идентификацијата на патогените таа е супериорна во споредба со другите техники.

Таа е единствена која може да препознае 33 различни патогени,бактерии, вируси и габички и тоа од само еден примерок – брис од нос, грло, искашлок, бронхоалвеоларен аспират или лават.Идентификацијата е високо сензитивна, сигурна, точна и многу брза, резултатот се очекува за 24 часа. Со оваа техника се детектираат патогени кои не можат да се докажат со други методи и тоа во акутната фаза на заболувањето, пред да се создаде имун одговор во организмот. Друга голема предност е тоа што антибиотската терапија која пациентот ја прима во текот на болеста нема да влијае на исходот на резултатите.Real time Multiplex PCR  е врвна техника која се користи во поголемите клиники и универзитетски центри во светски рамки, и која од неодамна  се изработува и во БИОТЕК Лабораторија.


5. Кои други предности ги нуди Биотек Лабораторија?

Нашата лабораторија покрај класичните микробиолошки методи е единствена приватна лабораторија која располага со автоматски систем на идентификација и одредување на осетливост –антибиограм, а тоа е VITEK2 систем.Овој софистициран уред врши идентификација на повеќе од 300 видови бактерии и габички до ниво на субспециес и тоа брзо, точно и сигурно, употребувајќи  околу 70  биохемиски проби.

Овозможува автоматско одредување на осетливост кон антибиотиците односно антибиограм со можност за тестирање кон повеќе од 50 видови на антибиотици и одредување на најмалата количина на лекот која би имала тераписки ефект.

Во негов домен спаѓа AES системот за софтверско толкување на резистенција кој го детектира видот на резистенција на самата бактерија, дали е таа стекната или вродена и кон кои групи на антибиотици е изразена или припаѓа. Сето тоа VITEK 2  системот го извршува врз база на унифицирани EUCAST интернационални стандарди.

6. Како да се дојде до правилен избор на антибиотик?

Правилниот избор на антибиотик, кој ќе делува на причинителот на инфекцијата, даден во оптимални делотворни дози и избор на антибиотик кој би бил најмалку токсичен за пациентот се цел за добро спроведена терапија.  Автоматскиот антибиограм на VITEK 2 со можност за тестирање на бактеријата и габичката кон повеќе од 50 антибиотици е сигурен и проверен метод кој би нѝ помогнал во правилен избор на антибиотик.

Одредувањето на МИК на бактеријата кон лекот би значело одредување на најмалата доза која би била неопходна за лекување на инфекцијата. Покрај прецизноста и точноста на овој тест, би требало да се напомене дека не постои можност од човечка грешка од типот на субјективност на оценувачот. Понатаму, АЕС софтверскот систем врши точно одредување на типот на резистенцијата на бактеријата – дали е вродена или стекната, и кон кои групи на антибиотици е резистентна.

Правилниот избор на антибиотик е од клучно значење за лекување бидејќи ќе ги намали несаканите ефекти од прекумерна употреба на антибиотици, а тоа се појава на рeзистентни бактерии и намалување на општата отпорност на пациентот.

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“