06 Мај, 2024
0.0224

Најбогатиот Јужноафриканец подарува половина од своето богатство!

Објавено во: Стил 30 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Јужноафриканскиот милијардер Патрис Мотсепе ќе подари половина од своето богатство на добротворна организација, следејќи го примерот на Бил Гејтс и Ворен Бафет.

Педесет и едногодишниот Мотсепе е сопственик на компанијата за експлоатација на руда „Африкан рејнбоу минералс“. Тој е осмиот најбогат човек на африканскиот континент со 2,65 милијарди долари според податоците на списанието „Форбс“.

„Парите ќе бидат искористени за подобрување на секојдневието и условите за живот на сиромашните, инвалидите и невработените Јужноафриканци, за жените, младите луѓе и работниците“, изјави неговата сопруга Прешс.