08 Мај, 2024
0.0249

Наградна игра: „Купувај онлајн со платежните картички на Стопанска банка“

Објавено во: Мои пари 07 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

КОРИСНИЦИТЕ НА VISA И MASTERCARD ПЛАТЕЖНИТЕ КАРТИЧКИ НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ОСВЕН БЕНЕФИТИТЕ ОД ЕДНОСТАВНО И БЕЗБЕДНО ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ, ОТСЕГА ИМААТ МОЖНОСТ ДА ОСВОЈУВААТ И ВРЕДНИ НАГРАДИ СО КУПУВАЊЕ ИЛИ ПЛАЌАЊЕ ОД БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ 

Во насока на вреднување и наградување на своите клиенти кои редовно ги користат Visa и MasterCard платежните картички, Стопанска банка започна наградната игра Купувај онлајн со платежните картички на Стопанска банка“.

Наградната игра започна на 1 јуни, а ќе трае до 31 декември 2015 година со извлекување секој месец по 5 добитници при што месечната главна награда изнесува 60.000 денари а ќе се доделуваат и по четири споредни од 10.000 денари. Дополнително, Банката преку ФБ фан странатаhttps://www.facebook.com/NaVasaStrana ќе обезбеди и утешни неделни награди.

SB PR

Право на учество во наградната игра имаат сите корисници на Visa и MasterCard платежните картички на Стопанска банка, кои имаат над 18 години и кои ќе направат минимум една online (e-commerce) трансакција преку која било интернет продавница, и со секоја трансакција ја зголемуваат можноста да станат добитници.

Во денешното динамично време, онлајн трансакциите стануваат се почести, како резултат на напредокот на технологијата, нејзината достапност како и поради големите придобивки што со себе ги носи овој современ платежен канал. Наградната игра има за цел да ги поттикне онлајн плаќањата и електронската трговија, но и да ги едуцира трговците и клиентите дека користењето на платежните картички за online плаќања е навистина безбедно.

„Веќе една година картичките на Стопанска банка се единствени во нашата земја кои го поседуваат сертификатот за безбедно купување на интернет и среќни сме што плаќањето со картичка на интернет стана дел од секојдневието на нашите клиенти. За една година бележиме 100% пораст во употребата на картичките на интернет, како за плаќање на сметки за струја, вода, телефон, така и за онлајн шопинг кој се повеќе добива на популарност со бројните интенет попусти на домашните и странски интернет сајтови. Среќни сме што имаме можност преку наградната игра, која ќе трае до крајот на годината, дополнително да го стимулираме купувањето на интернет со платежните картички на Стопанска банка.“ - изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.

Во наградната игра не учествуваат вработените од Банката и нивните најблиски семејства како и корисниците на картички кои на денот на извлекување имаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон Банката по кој било основ.

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“