19 Мај, 2024
0.0292

НАЕСЕН НОВИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ ОМИКРОН, НО ИНТЕРЕСОТ ВО МАКЕДОНИЈА ПРАКТИЧНО НЕ ПОСТОИ: Во поликлиниките приоритет сега се децата-првачиња

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Последната варијанта на корона вирусот, омикрон, мутираше во стелт омикрон, а сега научниците говорат и за новите видови омикрон 4 и омикрон 5. Сосема исто како што беше случајот со омикрон кој прв пат се појави во Јужна Африка, и најновите варијанти, повторно се присутни прво таму, но Европската агенција за лекови иако потврдува дека епидемиолошката состојба со корона вирусот во моментов е стабилна, пандемијата се уште не е завршена.

Научниците работат на вакцини и против најновите варијанти, а според последните истражувања, дури и децата од шест месеци до 5 години ќе можат да примат вакцина против Ковид благодарение на новата вакцина која што фармацевтската компанија Модерна ја прилагоди за таа визраст.

Заради есенскиот период кој се смета за критична точка кога позасилено може да се активира  корона вирусот, двете водечки компании Модерна и Фајзер-Бионтек веќе работат на ажурираните вакцини против омикрон сојот, а финалните резулати се очекуваат надоцна до септември.

Македонските здравствени власти го делат истото гледиште. Минатата недела предложија укинување на сите антиковид мерки во земјава, но велат остануваат внимателни, и доколку се случи повторно зголемување на бројот на новозарзени, мерките, како што постепено ги укинуваат, така и ќе ги вратат. Според нив најголемиот проблем останува во однос на нискиот опфат на вакцинација против корона вирусот во Македонија. Само околу 49 проценти е вакцинирано, а многу поголем е процентот на луѓето кои го прележаа вирусот, заради што резултатите од серолошките испитувања покажаа дека во Македонија дури 79 проценти од населението има создадено имунитет на ковид. Но, и покрај тоа што постојано повторуваат дека вакцинацијата е најважна и апелираат граѓаните да одат до некои од вакциналните пунктови и да ја примат вакцината против ковид-19. од ден на ден чекалните се се попразни.

Од Здравствен дом-Скопје, за Фактор потврдуваат дека вакцинација против ковид се врши само во три поликлиники.

-Факт е дека е се помал бројот на граѓаните во Македонија кои сакаат да се заштитат со вакцина против корона вирусот и одамна веќе заборавивме како изгледа чекање во редица за вакцинација. Тоа беше на почетокот кога и немаше доволен број вакцини, заради што повеќе илјади граѓани се вакцинираа во соседна Србија, исто така граѓаните мораа по старосни групи да стигнат на ред. Секако имаше и приоритетни категории, кои први ја примија вакцината, но откако тој бран на заинтересираност заврши, сега речиси и да нема кој да влезе во вакциналните пуктови. Како и да е, вакцинацијата против ковид-19 се спроведува во три поликлиники во Скопје и тоа во Букурешт во поладневната смена, како и во Чаир и во Јане Сандански во прва смена, вели за Фактор, директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски.

Тој потенцира дека во моментов приоритет се става на најмладите, односно на дечњата кои во овој период родителите ги запишуваат во прво одделение.

-Без медицинската потврда родителите не може да направат упис на нивните деца во училиште, заради што во поликлиниката Букурешт во саботите функционира амбуланта само за првачињата и тоа од 8 до 14 часот.  Таму се вршат систематски прегледи каде што се добива потврдата со која потоа се прави упис во прво доделение. Без ваквата потврда не може родителите да ги запишат во училиште. Инаку, во другите амбуланти може во кој бил друг работен ден да се однесе детето на систематски преглед. Секако потребно е да се направи и очен преглед, а тоа е овозможено во поликлиниките Битпазар, јане Сандански, МВР и како што веќе напоменав во Букурешт, посочува д-р Исјановски.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама