24 Октомври, 2024
0.0301

НАД ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ СКОПЈАНИ ЧЕКААТ РАБОТА ОД ПЕТ ДО СЕДУМ ГОДИНИ - долгорочната невработеност и натаму не е проблем за потценување

Објавено во: Економија 10 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Бројот на невработени лица во земјава и натаму се намалува, а најновите бројки за мај говорат дека на крајот на тој месец работа активно бараат 102.523 лица, што за еден месец е ново намалување за 1.244 лица.

Дека бројот на невработени во земјава се намалува и веќе не е некоја вест, особено во мај, а веројатно тоа уште повеќе ќе следува во летните месеци, пред се поради големата побарувачка на работна сила во Хрватска, главно во угостителскиот сектор, за што веќе пишуваше Фактор. Исто така, интересен податок за нас е фактот што иако Хрватска е многу поголема држава од нашата, таму активно бараат работа помалку граѓани, односно околу 96 илјади. Тоа е поради големата потреба за работници пред се во угостителскиот сектор, кој треба да ги задоволи потребите на бројните туристи. 

Но, она со што овде сакаме да се позанимаваме, е дека и покрај тоа што во земјава се бараат работници, сеуште има луѓе кои долг период бараат работа.

Агенцијата за вработување издава статистички преглед за тоа колку луѓе колкав период бараат работа, односно колкав е периодот на чекање за нивно вработување.

Па така, ако вкупно имаме 102.523 невработени, интересно е да забележиме дека најмногу се оние кои најдолго чекаат вработување, односно период од пет до седум години.

Односно, дури 17.462 лица чекаат работа од пет до седум години, говорат податоците на Агенцијата. Од нив, пак, поголемиот број се жени, односно над 10 илјади наши сограѓанки, и по пет до седум години не можат да го добијат посакуваното вработување.

А, има и такви што чекаат работа осум и повеќе години, и тие се еден позначаен број, односно 13.173 лица, но од нив помал дел се жени, и тоа 4.386 граѓанки.

Најмал е бројот на оние кои чекаат работа по еден месец, што е релативно краток период, и такви се 3.252 лица.

Затоа пак многу повеќе луѓе чекаат работа од еден до пет месеци, и во таа категорија влегле 16.320 граѓани. Додека, пак, 9.248 лица чекаат работа од 6 до 11 месеци. Имаме 7.825 лица ко чекаат работа две години, а три години се на Агенција 12.203 лица кои активно бараат работа. Точно 10.528 наши сограѓани чекаат дури четири години на своето вработување.

Најмногу невработени секако дека има во главниот град, поради големиот број жители, иако, пак, од друга страна, во метрополата се и најголеми шансите за вработување.

Вкупно 20.892 скопјани активно бараат работа, а од нив жени се 11.164 наши сограѓанки.

Во Скопје 4.376 граѓани чекаат вработување од пет до седум години, додека, пак, осум и повеќе години чекаат да се вработат 1.783 жители на главниот град.

За тоа колку наши сограѓани од другите градови чекаат вработување, може да се види на следниов линк. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари