20 Април, 2024
0.2627

НАД 150 ИЛЈАДИ ЕВРА НАГРАДА ЗА СТЕЧАЈНИОТ УПРАВНИК НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА: Предлогот самиот го доставил до судијата

Објавено во: Економија 23 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Стечајниот управник на пропадната банка на Трифун Костовски, Еуростандард банка, Душко Тодевски, бара од стечајниот судија да ја одобри исплатата на неговата награда. Тодевски на 21 декември односно пред три дена до судијата го доставил предлогот за награда на стечајниот управник и во него на страница и половина образложува некои детали од стечајната постапка. Тодевски на крај бара да му се исплатат над 153 илјади евра награда од завршената работа досега, кои заедно со сумата од 5.000 евра која му била исплатена авансно ќе ја заокружат наградата на вкупно нешто над 158 илјади евра. Фактор стигна до предлогот за исплата на наградата. 

Тодевски кој беше назначен за стечаен управник на 14 август 2020 година или само некое време по предлогот за отворање стечај над Еуростандард банка во него објаснува дека со планот за авансна распределба предвидено било да се распредели стечајната маса и тоа парични средства во износ од 3.100.000.000 денари ( 50,4 милиони евра).

Согласно член 3 од Правилникот за награда и надомест на реално потребните трошоци на стечајниот управник и начинот на утврдување на нивната висина, наградата на стечајниот управник се утврдува врз основа на начинот на спроведување на стечајната постапка, висината на паричната вредност за намирување на побарувањето на стечајните доверители и процент на намирување на доверителите. Сево ова и Тодевски го наведува во предлогот.

„Побарувањата на доверителите се намируваат во висина од 46,8 проценти од утврдените побарувања на вкупен износ од 6.623.672.441 денари сразмерно учеството на вредноста на побарувањето на секој доверител во вкупно утврдените побарувања. Согласно член 5 од Правилникот како горна граница за намирувањето на доверителите се смета 650 милиони денари. По тој основ наградата изнесува 7,5 милиони денари (околу 122 илјади евра), пишува Тодевски.

Тие 122 илјади евра, сепак според Тодевски треба да се зголемат за 10 отсто, а тоа поради сложеност на стечајната постапка во однос на облиците на имотот на стечајаниот должник и сложеност на неговото претварање во пари, а согласно член 7 од правилникот .

По сите основи, наведува тој, наградата изнесува 8,25 милиони денари (134.146 евра), но поради тоа што бил и ДДВ обврзник треба да се плати и ДДВ од 1,485 милиони денари. Заедно излегува дека Тодевски бара 9.735.000 денари (158.292 евра).

По одбивање на примената авансна награда од околу 5 илјади евра, Тодевски сега бара да му се доисплатат вкупно 153 илјади евра. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ