14 Декември, 2025
0.3926

Aнела Ставревска Панајотова,Национален Парк Шар Планина

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2025 13:22

Добивај вести на Viber

Националниот парк  сè повеќе се развива како дестинација за еко-туризам, привлекувајќи љубители на природата од земјата и странство. Паркот придонесува за одржлив развој на регионот, нудејќи еколошки прифатливи активности што ја почитуваат и штитат природната средина и ја зајакнуваат локалната економија

Шар Планина е последниот прогласен Национален парк во Република Македонија. Богатиот диверзитет на флората и фауната, важноста на овој предел за еколошката и хидролошка слика на државата придонесоа ова подрачје да се стави под поголема заштита на државата.

„Шар Планина е дом на голем број видови, а над 200 растителни видови се балкански или локални ендемити. Тоа значи дека не постојат на ниту едно друго место во светот и секако тука ќе ги потенцирам загрозените животни. Со воспоставувањето на паркот, се забрануваат активности кои ги загрозуваат видовите како што се: неконтролирано сечење и уништување на шуми, криволов, загадување на езерата и реките, недозволена градба итн. Воедно, паркот врши научен мониторинг, со помош на биолози и чувари на природата, што овозможува следење на популацијата и здравјето на видовите, објаснува Aнела Ставревска Панајотова, раководителка на одделението за заштита на природа во ЈУ Национален Парк Шар Планина

Таа додава дека денес Шар Планина е далеку повеќе посетена од туристи, домашни и странски, од научници и од вљубеници во природата.

„Националниот парк Шар Планина сè повеќе се развива како дестинација за еко-туризам, привлекувајќи љубители на природата од земјата и странство. Паркот придонесува за одржлив развој на регионот, нудејќи еколошки прифатливи активности што ја почитуваат и штитат природната средина, а воедно и ја зајакнуваат локалната економија. Како институција која постои само 3 години, за поттикнување на еко-туризмот всушност првите напори ги правиме оваа година. Во тек се иницијативи за поставување на нови информативни табли и патокази, засолништа, информативен центар, реконструкција на парковска инфраструктура, бележење на планинарски патеки итн., но не чека многу работа, а за жал работите не одат секогаш според планираното поради многубројни административни процедури, политички процеси во државата и недостаток на средства. Во тек е и поддршка за локални бизнис иницијативи кои ќе придонесат за развој на туризмот но воедно и ќе придонесат кон спроведување на активности од планот за управување со подрајчето, вели таа.

Ставревска посочи и дека во неколку села жителите веќе ги адаптираат или реновираат семејните куќи за сместување на туристи, додавајќи дека овој предел треба да биде простор каде луѓето и природата треба да функционираат во рамнотежа и хармонија.

Пивара Скопје преку платформата „Наша гордост, наша одговорност“ потпиша Меморандум за соработка со ЈП Национален парк „Шар Планина“ за заеднички активности, кои ќе придонесат за заштита и унапредување на ова непроценливо природно богатство.

Една од овие активности беше еко-акцијата за чистење на излетничкото место Лисец на Шар Планина, која се одржа на 7 мај. Во акцијата учествуваа 23 волонтери, кои заедно со вработените од Националниот парк и партнерите од „Саубермахер“, собраа цели 1.300 килограми отпад – резултат, кој не само што говори за посветеноста на учесниците, туку и за важноста од заедничка акција за заштита на нашите планини.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија