ШТО ПОСТИГНАЛ: На вработените им одредил минималец од 70.000 долари
Објавено во: Финансии 20 Октомври, 2017
Ден Прајс директор на компанијата „Gravity“ ја сподели својата приказна за зголемување односно изедначување на платите.
Во април 2015 година одлучил дека секој негов вработен мора да зема минимум 70.000 долари.
Многу од медиумите побрзаа по ова со анализи дали ова ќе донесе успех или пораз на компанијата.
Но, имаше и такви кои прашаа дали компанијата ќе може да си дозволи такво покачување.
Прајс раскажува дела по две и пол години има добри резултати, но и предизвици.
„Наша најголема сила како компанија е страствениот пристап, и поради тоа луѓето сакаат да работат со нас. Но, заради целата таа „фрка“ станавме познати како компанија 70.000 долари“ - вели тој.
Додава дека вработените имале поквалитетен живот и можеле да си дозволат работи кои пред тоа за нив биле недостижни.
Вели дека сака да создава средина каде луѓето ќе бидат сигурни и ќе имаат иднина.