НА ВИСОКА НОГА? Во МЕПСО ново зголемување на платите, овој пат за 11,5 отсто
Објавено во: Економија 30 Мај, 2025 07:50
Операторот на системот за електрична енергија МЕПСО и покрај тоа што веќе се доволно високи, од април се зголемени, според информациите што ги доби „Фактор“, за 11,5 отсто за вработените во ова друштво.
МЕПСО не ја потврди експлицитно информацијата, но од таму ни одговорија дека зголемувањата се должат на порастот на минималната плата согласно колективниот договор во рамки на енергетската компанија.
„Во однос на вашите прашања за усогласувањата на платите во АД МЕПСО, сакаме да истакнеме дека станува збор не за зголемување, туку за усогласување на најниската плата во Друштвото, согласно член 54 од Колективниот договор на АД МЕПСО. Согласно истиот,
Најниската плата ја утврдуваат и објавуваат потписниците на овој Колективен договор, најмалку еднаш годишно. При утврдување на најниската плата се поаѓа особено од: трошоците за живот, економските можности, општото ниво на платите на дејноста, нивото на продуктивноста, економичноста и рентабилноста, социјалните давачки и други економски и социјални фактори.
Најниската плата ќе се усогласува со кумулативното движење на трошоците за живот во однос на месец декември од претходната година, според податоците од Државниот завод за статистика, со важност на почетокот на периодот.“ ни рекоа од операторот.
АД МЕПСО во текот на минатата година веќе ги зголемил трошоците за плати на своите вработени за 26 отсто, што го покажуваат објавените извештаи на државното акционерско друштво.
Електроенергетскиот оператор во текот на 2024 за бруто плати за своите вработени потрошил точно 11 милиони евра, додека една година претходно овој трошок изнесувал 8.735.000 евра, а ова е прикажано во финансискиот биланс на друштвото.
За МЕПСО во 2024 работеле 658 вработени како просечен број, па ако сумата се подели и се конвертира, излегува дека просечната индивидуална месечна нето плата е 56.480 денари. Ако се спореди со само една година пред тоа, излегува дека просечната нето плата по вработен се зголемила за 7.762 денари на годишно ниво.
Ако во 2023 платите биле основа за 7 отсто од вкупните расходи, во 2024 тие биле дури 11 проценти од структурата на вкупните трошоци.
Компанијата минатата година ја завршила со 50 вработени повеќе, а во платите покрај редовното работење, влегувале ноќната и прекувремена работа, празници и дежурства.
„Масата од бруто плата на износ од 676.487.376 денари е исплатена на 658,83 просечен број на вработени пресметани според вкалкулирани часови за дванаесетте месеци од 2024. МЕПСО годината ја завршува со 625 фактички број на вработени. Во 2023 стварниот број на вработени изнесуваше 575 вработени“, објави МЕПСО.
За останати трошоци за вработените биле потрошени 757.000 евра, а тоа е прикажано како друг посебен расход. Пред една година била поделена слична сума - 647.000 евра како посебен трошок за вработените, како што е К-15, награди и друго.
МЕПСО минатата година остварил 108 милиони евра вкупни приходи, а прикажана е добивка од 8,6 милиони евра.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




