10 Мај, 2024
0.0350

На Tesla му се заканува синдикален бунт - Очајни плати и небезбедни услови за работа

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Се поголем број на работници во фабриката на Tesla Motors во Калифорнија се жалат на лошите работни услови, а Хосе Моран јавно побара да се формира синдикат кој ќе ги застапува нивните права. 

Моран посочи дека во фабриката често доаѓа до повреди на работното место, а во еден момент 6 од 8 работници во неговиот тим биле на боледување. Платите се многу пониски во однос на индустрискиот стандард во Беј округот, и тие се движат од 17 до 21 долари за час што е далеку зад просекот од 28 долари.

Елон Маск, основачот и директор на Tesla, посочи дека Моран е шпиун на автомобилскиот синдикат и дека не ги претставува интересите на компанијата туку дека е уфрлен. Маск исто така ги обвини здружените синдикати дека за време на економската криза од 2009-та ја уништиле автомобилската индустрија во Калифорнија и сега Tesla таму е единствен масовен производител. 

Во 2014-та Tesla доби казна од речиси 90.000 долари од комисијата за заштита на здравјето на работниците на Калифорнија поради поголем број на безбедносни пропусти кои довеле до повреди. 

Синдикатот на автомобилски работници негираше дека Моран е нивни член и агитатор и побара од Маск да ги подобри условите за работа, во спротивно ќе се соочи со последици.



Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?