14 Декември, 2025
0.0347

НА РТС НАРОДНА МУЗИКА „МАЈСТОРИ ЗА ДУШУ“, МОЛК ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПРОТЕСТ СРЕДЕ БЕЛГРАД: Реагираат експерти, но и граѓаните

Објавено во: Балкан 15 Март, 2025 16:19

Добивај вести на Viber

Додека во центарот на Белград се одвива еден од најмасовните протести во последните години, јавниот сервис на Србија, Радио-телевизија Србије (РТС), во моментот емитува музичка програма „Мајстори за душу“ и не известува за собирот што го следат бројни медиумски екипи од регионот, Европа и светот.

Овој потег на РТС предизвика лавина реакции и критики од граѓаните, политичките аналитичари и универзитетските професори, кои го обвинуваат јавниот сервис за игнорирање на настан од висок јавен интерес. Според нив, ова е уште еден показател за селективниот пристап во известувањето и недоволното исполнување на улогата на јавен сервис кој треба да информира непристрасно и објективно.

На социјалните мрежи, граѓаните масовно го осудуваат молкот на РТС, нагласувајќи дека јавниот сервис има обврска да известува за протест што привлекува големо медиумско внимание на меѓународно ниво. Во меѓувреме, независните медиуми и странските дописници од терен редовно објавуваат снимки и информации за текот на протестот.

фото: EPA

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството