07 Мај, 2024
0.0232

На работниците на ФЕНИ им „пукна“ филмот - Ќе ги гасиме печките ако нема решение

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Пинг-понг обвинувањата меѓу банките доверители и актуелниот сопственик Кунико кој не ја доврши продажбата на ФЕНИ со наводно заинтересираниот купувач ФЕНИ го доведоа трпението на работниците на самиот раб. 

Гранковиот синдикат СИЕР како и синдикатот на работниците на ФЕНИ велат дека се на крајот на нервите и може да се решат на радикален чекор кој би нанел нова штета од десетина милиони евра со тоа што ќе дозволат да изгаснат печките на фабриката. 

Ако тоа се случи ќе дојде до пауза во работењето од цела година и нови огромни трошоци што никој не го посакува, но работниците велат дека треба конечно да се најде решение на проблемот бидејќи во прашање е доведена нивната егзистенција. 

Работниците чекаат од Енекод кој сака да ја преземе компанијата од Кунико да ги презеде обврските како кон доверителите така и кон вработените на ФЕНИ. Доколку тоа не е можно платите за октомври и ноември може да ги префрли и Кунико кој и натаму е сопственик барем на хартија и нивните изговори дека банките ќе ги преземат префрлените средства не држат вода. Тоа вчера го истакнаа и трите банки доверители во дополнителната реакција на исказите на Кунико кои тврдеа дека само тие може да одлучат кој ќе биде сопственик на ФЕНИ.

Во меѓувреме, увидот на заинтересираните купувачи на ФЕНИ започна. По швајцарски „ФОС асет менаџмент“, вчера и заинтересираниот британски инвестициски фонд ја утврдуваше состојбата во фабриката. Увидот ќе трае до среда, кога во велешкиот суд треба да се реши ќе добие ли ФЕНИ нов сопственик со соодветен бизнис план и финансиски гаранции или комбинатот ќе оди во стечај за обезбедување на долговите кон доверителите кои изнесуваат вкупно 60 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот