07 Мај, 2024
0.0460

На прашање кој политичар е најпопуларен мнозинството одговориле „никој“

Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Tрет месец по ред, најпопуларен политичар во Хрватска е „никој“, односно токму за оваа опција се определиле 23,3 проценти од анкетираните. 

Следна на листата е претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ, која е најпопуларниот политичар за 14 проценти од испитаниците, за разлика од 15,3 проценти во октомври.

Премиерот Андреј Пленковиќ е на трето место со 11,1 проценти, но истовремено води во негативната класификација на политичарите, со 20 проценти. На второ место е „сите политичари„ со 14,3 проценти од анкетираните. На трето место на негативниот листа, е поранешниот министер за култура, Златко Хасанбеговиќ со 10,9 проценти.

Само 16,9 проценти од анкетираните сметаат дека Хрватска се движи во правилна насока, а 76,8 проценти – дека се движи по погрешен пат.

Доколку утре би се одржале парламентарни избори во Хрватска, владејачката партија „Хрватска демократска заедница“ (ХДЗ) би освоила 31,3 проценти од гласовите, што е за 2,2 отсто помалку во споредба со почетокот на октомври, покажува последното месечно истражување на Агенцијата „Промоција плус“.

Истражувањето е направено во периодот од 31 октомври до 4 ноември, а водечката опозициска Социјалдемократска партија би добила 22,9 отсто од гласовите, за разлика 22,1 проценти во октомври.

На трето место е движењето Мост, за кое глас би дале 8,7, а во октомври 7,8 отсто од анкетираните.

Можеби ќе ве интересира

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака