17 Декември, 2025
0.0600

На повидок домашна млечна криза, кои млекарници изгубија многу пари?

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2022 09:30

Добивај вести на Viber

Ситуацијата е алармантна ако во една година убедливо најголемата млекарница во земјава има пад на профитот од 20 отсто, втората најголема има помала добивка за 33 отсто, а третата најголема компанија што произведува млечни продукти две години по ред работи со загуба. 

Состојбата со најголемите домашни производители на млечни производи не може да биде полоша ако пет од осум најголеми млекарници имаат големи падови на профитот, две од нив две години по ред работат со загуби, а само една има резултат со минимално отстапување од 2020 година... Што ќе превземе Министерството за земјоделство?

Дали е на повидок нова млечна криза? Ова е дилема која се наметнува кога ќе се погледнат резулатите за работењето лани на најголемите осум македонски компании за производство на млеко и млечни производи. Стрес е за секој што разбира економија да види дека целата домашна млечна индустрија или поточно тие што создаваат повеќе од 70 отсто од домашното производство имаат огромни падови на добивките. 

Очигледно е дека за нив минатата година била исклучително тешка и дека лани тие се соочиле со економските ефекти од корона кризата. Некои од нив неофицијално велат дека се соочуваат и со притисоци од нелојална конкуренција, но и од несоодветна поддршка од домашните институции. Како и да е, алармот е вклучен! 

Минатата година големите домашни млекарници се соочија со големи падови на добивките во нивното работење. Тоа значи многу полоша стартна позиција за оваа година. Зголемени трошоци, проблеми со кооператните и со ланците за снабдување со репроматеријали и суровини и повисоки цени на логистиката.

Министерството за земјоделство како надлежен ресор годинава ќе има полни раце работа да помага и системски да ја поддржи една од најважните домашни прехранбени индустрии која лани генерирала повеќе од 100 милиони евра поддршка за македонскиот бруто домашен производ.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас