На „Мош“ ќе биде врачено решението за затворање: Инспекторите велат сам си ставил клуч на врата
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2020 14:19
На екслузивниот бар
„Мош“ утре треба да му биде доставено решението за затворање. Нема да работи во
наредните 10 дена, потврди за Фактор, директорот на Државниот пазарен
инспекторат, Стојко Пауновски.
-Во текот на утрешниот ден треба да му го врачиме решението, но инспекторите кои денеска беа на терен низ Скопје, велат дека е затворен уште денеска. Тоа значи дека најверојатно сам се затворил и пред да го доставиме решението, зошто според законот може тоа да го направи, вели Пауновски.
Во текот на викендот, Пазарната инспекција имаше голема акција во повеќе градови, а во Скопје дел од најексклузивните локали меѓу кои и Интермецо во Капиштец, и Гнездо во центарот на градот, добија кривични пријави за загрозување на јавното здравје, како и прекршочни со што беа казнети со по 2.000. Во сите овие локали имаше забави со преголем број луѓе, а во Мош имаше настап на српскиот пејач Владо Георгиев. Со сето ова беа прекршени сите протоколиПо бурниот викенд Владата донесе одлука за забрана на мини-концерти и диџеи во кафулињата, баровите и сите угостителски објекти, а денеска, како што изјави Пауновски, се очекува Владата да ги прифати законските измени кои же овозможат сите инспекторати да имаат многи поголеми ингеренции.
-Откако ова ќе стапи на сила ќе можеме веднаш на лице место ако некој ги прекршува протоколите веднаш да го затвориме, значи полицијата го празни локалот, а ние како Пазарна инспекција ги ставаме лентите и запечатуваме, вели Пауновски за Фактор.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




