14 Декември, 2025
0.0348

На Манаки ОФФ програмата – промовирана првата македонска плоча снимена со музика во живо

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2023 14:29

Добивај вести на Viber

Во потрага по совршенството не постои подобро чувство кога пропатно ќе се спојат врвни енергии и ќе се роди нова долгорочна соработка. Таква е и нашата соработката со Аудиокултура каде во период од неколку месеци се снимија 7 музички сесии и увертирата на целата приказна ќе биде издавањето на плоча која ќе ги содржи сите заеднички музички патувања.

Винил изданието од “Крај Вардарот сесии” во Аудиокултура e заеднички проект на Божиновски часовници и накит и Аудиокултура, конципиран да биде квалитетно освежување за колекциите на плочи на вистинските љубители на музиката и експерименталниот звук.

Со овој проект Ви откривме една нова димензија на „Божиновски часовници и накит“. Осмислен е да се реализира ексклузивно за нашите ВИП клиенти и започна како едно сосема ново патување за нас.  Патување кое има за цел да ги поддржи младите џез и експериментални уметници и преку нив на нашите лојални клиенти да им понудиме едно поинакво доживување за сите нивни сетила.

„Да се биде член на лојалната програма на „Божиновски часовници и накит“ не значи само ценовни бенефиции во форма на попуст, туку значи пријателство, авантура и заедничко откривање на нови светови и димензии, а филозофијата за времето и просторот, односно стрелките на нашите часовници ни го дозволуваат тоа.

Токму плочата која произлезе од оваа соработка е дел од ова наше заедничко патување.”

На вчерашната работилница која што се одржа во склоп на Манаки Оф програмата, тимот на Божиновски часовници и накит и Аудиокултиура го претставија овој проект пред дизајнерите на Monday learning академијата, кои што во оваа работна сесија ќе се обидат да одговорат на предизвикот и да дадат свои креативни решенија за пакувањето на плочата.

Плочата ќе биде издадена кон крајот на годината.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија