НА КРАЈОТ САМ СИ ПРЕСУДИ: Маж од Градачац ја убил својата сопруга, убиството го пренесувал во живо на Инстаграм
Објавено во: Балкан 11 Август, 2023 16:13
Трагедија се случи во Босна, каде маж убил тројца, а на крајот се самоубил пред полицијата.
35-годишен маж од босанскиот град Градачац ја убил својата сопруга, а убиството го пренесувал во живо на Инстаграм. При бегството од полицијата убил уште две лица, за на крајот да се самоубие пред полицијата.
Од босанското обвинителство за сараевскиот весник Ослобоџење потврдија дека Нермин Сулејмановиќ (35) од Градачац се самоубил откако го лоцирале полициските службеници.
Покрај тоа што ја убил сопругата, Сулејмановиќ при бегството убил уште две лица, татко и син, затоа што му се испречиле на патот.
„Полициските сили се на терен. Истрагата ќе ја спроведе дежурниот обвинител во соработка со истражителите на Одделот за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска и Управната канцеларија на Полициското одделение Градачац“, соопштија од Обвинителството.
Градоначалникот на Градачац, Едис Дервишагиќ за порталот Аваз изјави дека ова е голема трагедија.
„За жал, нашиот мирен, вреден, доблесен град е обвиен во црно. Се случи голема трагедија. Како што неофицијално дознавам, се работи за семејна расправија која ескалирала и сега сме во ситуација, за жал, да броиме загинати и ранети“, изјави Дервишагиќ.
Порталот „Дневни аваз“ објави дека убиецот е бодибилдер поврзан со криминална група која се занимава со шверц на дрога.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




