19 Октомври, 2019
0.0207

На кое дереџе е македонскиот земјоделец со цените на зеленчукот и овошјето?

Објавено во: Агробизнис 20 Август, 2019

Граѓаните оваа година се жалат дека цените на овошјето и зеленчукот за нив се скапи, но од друга страна земјоделците велат дека тоа не се високи цени, затоа што и тие имаат високи трошоци за производство, и дополнително, цените биле високи само во одреден период од оваа сезона кога производството на одредена култура било во мали количини.

За потрошувачите кои и онака се со „тенок“ џеб, 70 денари за килограм краставици е многу, но фактот дека се намалува бројот на луѓе кои се занимаваат со земјоделство, си го прави своето.

„Евидентно е дека земјоделци има сѐ помалку, и времето ќе покаже дека ќе останеме да произведуваме храна ние кои сме над 50 години, а на 60 или 70 години, колку е некој способен да произведува се знае. Догодина ќе има уште помалку производители.  Ако се увезува храна од околните држави, тогаш ќе паднат цените. Стихијно се случи да има повисоки цени, и оние кои тој период го фатиле, имале производство, за нив е добро, но имаше и периоди кога краставицата се продаваше по 5 денари за килограм. Сега во Струмица краставицата на големо се продава за 40 до 50 денари, доматот за 20 до 22 денари, што е малку, би требало да биде 30 денари,  а пиперките на големо се продаваат за 8 денари по килограм и таа цена е катастрофална,“- вели Ристо Велков, претседател на Сојузот на синдикатот на Земјоделците во струмичкиот регион.

За индустриската пиперка вели дека уште не се знае по колку ќе се продава годинава.

Велков додава дека веќе три децении државата нема стратегија во кој правец ќе се движи земјоделството, и затоа земјоделците се на ова дереџе.

Увозот на храна од Албанија или пак Турција може да ги сруши цените на земјоделските производи.

„Треба да ги жалиме земјоделците, но ние сепак тоа не го правиме. Од земјоделска земја, Македонија ќе стане земја зависна од увоз на храна“, вели Велков.

Според него, добро би било увозот на одредена храна да се редуцира, ако домашните количини ги задоволуваат потребите на пазарот.

Ставовите на партиите за цените на земјоделските производи се разидуваат. Од СДСМ се пофалија дека откупните цени се зголемени, а од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија за ширење на лажни вести и потенцираа дека земјоделците  2.5 години родот го фрлаат на буниште и ги сечат овошните насади.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството