На какви консултации Србија ги повлече дипломатите во Белград?
Објавено во: Балкан 21 Август, 2017
Министерството за надворешни работи на Македонија објави дека добилo нота од Амбасадата на Србија во Скопје, која информирала дека вработените во Амбасадата биле поканети да се консултираат во Белград.
„Министерството за надворешни работи не ги знае причините за оваа одлука и затоа воспоставува комуникација со Министерството за надворешни работи на Србија. Во согласност со релевантните одредби од Виенската конвенција за дипломатски односи, институциите на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Србија во Скопје“.
Консултации во Белград
ТВ Телма објави дека не се познати причините за одлуката за повлекување на дипломатите, а се очекува да се обрати министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Српскиот амбасадор во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ, во понеделникот ги упати медиумите да се обратат до Министерството за надворешни работи на Србија.
Сите прозорци во зградата на амбасадата се затемнети, објавија дел од медиумите.