НА ГЕРМАНИЈА ЌЕ И ФАЛАТ МИЛИОНИ СТРУЧЊАЦИ: Ќе бараат негуватели, но и овие занимања...
Објавено во: Финансии 30 Август, 2017
До 2040 година на Германија ќе и требаат 3.3 милиони стручни работници.
Ова е голем предизвик за германските компании.
На среден рок ситуацијата драматично ќе се влоши.
Стручни работници ќе фалат во сите подрачја затоа што луѓето кои се родени во годините кога имало многу деца сега заминуваат во пензија.
Иако има намалување на бројот на жители, сепак работната сила до 2040 година ќе се намали за 10%.
Поради дигитализацијата некои професии ќе го изгубат приматот.
Но, ќе недостигаат менаџери, научници, лекари, медицински лица и негувателки, а до некаде и оние кои се занимаваат и со креативни професии како што е новинарството.