На бојното поле во Украина загинаа 80.000 руски војници?
Објавено во: Свет 10 Август, 2022 17:54
Според „Форин полиси“, во Украина загинале 80.000 руски војници.
Ова е проценка на американското Министерство за одбрана. Велат дека околу 80.000 руски војници се убиени или повредени, објави американското политичко списание „Форин полиси“, повикувајќи се на изјави на висок претставник на Пентагон.
Колин Кал, највисокиот политички функционер во Пентагон, рече дека има огромен број на жртви во редовите на руската армија.
„Мислам дека можеме со сигурност да кажеме дека загубите на Русите изнесуваат 70.000 или 80.000 загинати за помалку од шест месеци“, изјави Кал.
Таквите процени, покажуваат дека изминатиот месец руската армија загубила повеќе од 10.000 војници односно откако Киев добил нови ракетни системи од САД, од Велика Британија и од Германија. Пентагон проценува дека Русија распоредила 120 тактички баталјони составени од околу 100.000 војници во Украина на почетокот на војната.
Магазинот наведува дека украинските власти побарале од САД да им обезбедат ракетни системи способни да погодат руски цели на речиси 320 километри подалеку, заедно со стотици ракети ХИМАРС, но администрацијата на Бајден ја предупреди Украина да не гаѓа цели на руска територија.
Откако почна војната Русија многу ретко соопштува колкав е бројот на жртви во нивните редови, а имаше и напади на руска територија, кои Украина ниту ги демантираше, ниту ги потврдуваше. Тоа беа напади во погранични села.
foto EPA/ IVAN BOBERSKYY
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




