14 Декември, 2025
0.0374

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2023 10:04

Добивај вести на Viber

Компанијата за производство на масло за јадење, „Кристал“ од Велес, продава голем дел од својот недвижен имот, и тоа во повеќе градови, а меѓу нив и многу атрактивен имот во главниот град на земјава.

Едно од најбитните и најатрактивните делови од имот што се продава е Стоковната Куќа 26 јули во Скопје, која јавноста ја памети како една од поголемите и најчесто посетуваните трговски објекти од времето на социјализмот. 

Таа и сега работи, со безброј тезги во неа и продажба на буквално се и сешто. 

Не се знае која цека ќе добијат од Кристал за продажба на овој објект, кој веројатно го издаваат под наем.

Одлуката за продажба, меѓу другите, вчера ја донеле акционерите на своето редовно годишно Собрание, а за неа производителот на масло за јадење ја информираше инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Акционерите бараат овој објект, како и другите кои ќе се продаваат, да се продаваат согласно позитивните законски прописи, односно по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба, по пазарни цени, кои се најповолни во моментот на продажба на друштвото. 

„Се одобрува продажба на градежни-деловни објекти сопственост на ПИ Кристал 1923 - Велес, и тоа следниве објекти. 

Магацини во село Логоварди Битола, како градежни објекти, со површина од 3.500 метри квадратни, потоа право на користење двор од над 8.000 метри квадратни, а се продава и земјиште под згради во селото Логоврди од над 3.700 метри квадратни. 

Потоа, на барабан ќе оди и продавница во Битола од 167 метри квадратни.

Едно од најинтересните „перчиња“ имот кои ќе се продаваат е и Стоковната куќа 26 јули, со површина од 1.370 метри квдратни, на улицата Крсте Мисирков“, се вели во одлуката од акционерското Собрание објавена на Берзата. 

Се продава и деловен простор во Куманово, Кавадарци, Охрид....

Инаку, оваа компанија реши целата своја добивка што ја оствари минатата година, во износ од 370 илјади евра, да ја намени за инвестиции на компанијата. Нема да има дивиденда за акционерите.

„Добивката да се распореди на следниов начин:

Износ од 27.755.500 денари (370 илјади евра - н.з.) да се искористи за финансирање на планирани инвестиции во друштвото - реинвестирана добивка, и да не се издвојува износ за исплата на дивиденда поради реинвестирање на добивката односно правење на инвестиции во друштвото“, се вели во објавата од друштвото до Македонската берза.

Прехранбената индустрија “Кристал 1923” АД од Велес започнува со работа во 1923 година и како фабрика за масло работи до 1999 година кога е трансформирана во Прехранбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство. Друштвото до 2020 година работеше под називот Благој Ѓорев АД Велес.

Компанијата има поголем број сопственици со акции над 5 отсто од капиталот, а најмногу акции поседува самата „Кристал“ и тоа сопствени акции 25 проценти.

Н.Н.Ф.

ФОТО: Фејсбук/26KORRIKU-26JULi

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година