На автопатот кој беше отворен со труби и чочеци ќе плаќаме најскапа патарина
Објавено во: Економија 05 Јуни, 2019 14:52
Подгответе се да плаќате за најскапата патарина во државата.
Од овој месец, поточно од следната недела сите кои ќе патуваат кон соседна Грција ќе имаат дополнителен трошок за патарина.
Едната од двете предвидени патарини на новиот автопат Демир Капија – Смоквица ќе почне со наплата додека другата патарина која ќе се наоѓа кај Демир Капија ќе биде готова до крајот на годината бидејќи поради појава на свлечиште на теренот било неопходно препроектирање.
Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта, најскапа е патарината Петровец – Велес на која за да помине патничко возило треба да плати 80 денари. Потоа следат рампите Велес-Градско и Куманово-Миладиновци во двата правци каде за патничко возило таксата е 60 денари. Автомобилите за да поминат на рампите Скопје-Петровец, Скопје-Миладиновци, Скопје-Тетово во двата правци треба да платат такса од 40 денари, додека најевтина е наплатната рампа Тетово-Гостивар и обратно која чини 30 денари.
Со оваа давачка, за пат од Табановце до граничниот премин Богородица ќе треба да се издвојат 340 денари за патарина.
Минатата година во државната каса од наплата на патарина се инкасирани 40,5 милиони евра што е за 5 отсто повеќе од лани.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




