15 Мај, 2024
0.0245

На аукција гитарата на Хендрикс која „ја запали“ во 1967 година

Објавено во: Стил 21 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Гитарата која Џими Хендрикс ја запали на сцената во 1967 година и ја искрши ќе се појави во наредните денови на аукција, без траги на оштетување. Експертите процениле дека би можела да достигне цена од 125.000 фунти.

Публиката на фестивалот Монтреал во близина на Сан Франциско не знаела дека Хендрикс својата омилена црна Фендер Стратокастер гитара ја заменил за друга неколку моменти пред да ја полее со бензин и запали во текот на изведување „Wild Thing“.

-Бидејќи не сакал Пит Таунсенд од бендот „The Who“ da биде подобар од него со тоа што настапил прв и ја скршил гитарата, Хендрикс одлучил својата да ја запали, пушува „The Independent“.

Гитарата е во релативно добра состојба и покрај неколкуте гребнатини, а ќе се појaви на аукцијата во Лондон на 27 ноември.