На аукција ќе оди јахтата на Медведчук која се наоѓа во Трогир

Објавено во: Свет 02 Декември, 2022
Јахтата во Трогир која е на украинскиот олигарх Виктор Медведчук, ќе се продаде на аукција.
Таа е вредна двесте милиони долари. Јахтата беше одземена во Хрватска на почетокот на годинава. Украинската влада објави дека хрватскиот суд одлучил 92,5-метарската јахта „Ројал Романс“ да биде префрлена на Украинската агенција за наплата и управување со средства (АРМА). Украинските власти го уапсија Медведчук во април, но подоцна тој е ослободен и екстрадиран во Русија при размена на затвореници во септември. 68-годишниот олигарх го нарекуваат „мрачниот принц“ на украинската политика, пишува Гардијан.
Европската Унија замрзна пари на руски олигарси и се бараат правни основи на кој начин тие средства да бидат пренасочени за обнова на Украина.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел вчера изјави дека планира да разговара со своите колеги за сите расположливи правни средства за да се осигури дека Русија ќе плати за обновата на Украина која е разурната од војната.
Фото Anton Denisov / Sputnik / Profimedia
Можеби ќе ве интересира
Мандатот истекува во септември: Дали жена ќе го наследи Столтенберг на местото шеф на НАТО?

СЕ ПОЈАВИ ПРИ ВУЛКАНСКА ЕРУПЦИЈА И ГО СНЕМА: Ова е островот кој откри многу мистерии

Погледнете ја хит снимката на шеикот кој збесна поради Роналдо: „Му дадов 200 милиони, а тој само кажува...“ ВИДЕО

Се ближи ли крајот на пандемијата на коронавирусот?

БРУТАЛНА АЛБАНСКА БАНДА „ЗАВЛАДЕА“ СО БРИТАНИЈА - дилаат хероин, рекетираат, и се снимаат на социјалните мрежи
ЗА СТРУЈА 600 ЕВРА МЕСЕЧНО, КИРИЈА 1500! Србинот Драган раскажа како се живее во Норвешка

Слика која ја нашле на фарма ја продале за милионска сума

АКО СТЕ ВО ИСТАНБУЛ, ВНИМАВАЈТЕ: Можно се напади на места каде се шетаат западните туристи
