На 5 јуни пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2023 12:52
Пресудата за обвинетите за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој што животот го загубија 14 пациенти ќе биде соопштена на 5 јуни, објави судијата Јордан Велковски откако денеска во Основниот суд во Тетово денес се одржаа завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите.
Според завршните зборови на Обвинителството, двајцата обвинети директори Флорин Бесими и Артан Етеми имале обврска да постават противпожарни апарат, а тоа не го исполниле. За обвинетиот доктор Бобан Вучевски, обвинителот посочи сведочења на роднини и рече дека дозволил присуство на роднини на пациентите.
Кон завршните зборови на Обвинителството се приклучија пет адвокати кои имаа полномоштво за застапување на семејствата на луѓето кои ги загубија животите во пожарот и повредните пациенти во модуларната болница. Тие во нивно име побараа од судот да ги насочи за надомест на штета и трошоци.
Адвокатите на Јавна здравствена установа Клиничка болница Тетово и на двајцата директори, како и на докторот, наведоа дека според сведочењата на вработени, имало поставени противпожарни уреди и дека установата имала истакнато наредби и правилници околу постапување кон прописите за време на пандемија.
Бесими и Етеми се обвинуваат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




