27 Април, 2024
0.0261

На 28-миот Сараево Филм Фестивал наградени серии на Телеком Србија

Објавено во: Мои пари 16 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Со освојувањето на наградата на овогодишниот Сараево филм фестивал, компанијата Телеком Србија се здоби со уште една потврда за квалитет од регионот кога станува збор ѕа продукција на сериска и филмска содржина. Квалитетот на содржините на Телеком Србија препознаен е преку 27 номинации во различни категории, а регионалниот продукциски лидер ги претстави и своите идни проекти кои ја одушевија публиката.  

„Телеком Србија ја продолжува мисијата на интернационализација на своите серии и популаризација на домашната кинематографија. Фактот дека креираме серии кои се гледани на пет континенти ни дава ветар во грб и поттик за да бидеме уште подобри и покреативни и секоја година да ги поместиме границите на квалитетот на продукцијата промовирајќи го на тој начин нашиот регион како плодна почва за создавање квалитетни содржини“, изјави Владимир Лучиќ, генерален директор на компанијата Телеком Србија.

За Срцето на Сараева, главната награда на фестивалот, беа номинирани дури седум проекти на Телеком Србија во сите категории - „Беса 2“, „Убијците на мојот татко 5“, „Чудни љубови“, „Блок 27“, „Сложни браќа 2“, „Мочуриште 2“ и „Црна свадба“. Најголемиот број номинации, во досега најсилната конкуренција, е само една од потврдите за највисок квалитет на продукцијата Телеком Србија.

Телеком Србија продолжува со производство на врвна содржина, па претставничките на оваа компанија Марина Гаровиќ и Јасмина Лакобрија со авторите на сериите во салата на фестивалскиот центар претставија некои од идните проекти на продукцијата Телеком Србија, како што се сериите „Волјата на синот“, „Бунар“, „Прошетка со лав“, „Посета“, „Пасјача“ и „Немирни“. Позитивните реакции на публиката недвосмислено укажуваат дека со нетрпение ги очекуваат новите проекти и дека во иднина некои од нив можеби ќе бидат главни претенденти за наградите на овој фестивал.

Давесет и осмиот по ред Сараево филм фестивал и оваа година ги собра најуспешните претставници на филмската индустрија од регионот и светот, со цел меѓународна промоција на регионалните остварувања, таленти и идни проекти. Во текот на осумте дена на фестивалот во Сараево, повеќе стотици медиумски и телевизиски експерти и критичари сведочеа за големиот успех на продукциската куќа Телеком Србија и уживаа во најновите достигнувања на регионалната и светската кинематографија.  

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“