02 Јуни, 2024
0.0313

Мудис им го расипа расположението на Кинезите со намалениот кредитен рејтинг

Објавено во: Економија 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Агенцијата за кредитен рејтинг Мудис реши да и додели на Кина за прв пат по 1989 година пониска оценка која од Аа3 е спуштена на А1 поради сомнежи за реформи во економијата, намалување на девизните резерви и зголемениот ризик за враќање на долговите. 

„Кинеската финансиска моќ ќе паѓа во наредните години, а долгот ќе расте додека економскиот раст се забавува“, наведоа експертите од Мудис.

Кинеските власти предводени од министерот за финансии сметаат дека оценката на Мудис е нереална бидејќи е премногу претпазлива. Кина смета дека може успешно да се избори со сите економски предизвици и да одржи позитивни стапки на годишен раст. 

Кинеската економија во 2016 година забележа најнизок раст од 1990 година наваму. Тој изнесуваше 6,7 проценти, додека прогнозата за годинава изнесува околу 6,5 %. Во првиот квартал од 2017 година стопанството на Кина со 6,9 проценти растеше изненадувачки бргу, но набљудувачите за остатокот на годината очекуваат тренд на забавување.

Со намалениот кредитен рејтинг се очекува на Кина да и се отежни задолжувањето на странските финансиски пазари. Засега одлуката на Мудис не доведе до сериозен пад на кинеските берзи, но постои загриженост.

Можеби ќе ве интересира

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

АКЦИЈА „НАБЕРИ САМ“: Бугарските овоштари ги пуштаат луѓето да берат цреши во овоштарниците

АКЦИЈА „НАБЕРИ САМ“: Бугарските овоштари ги пуштаат луѓето да берат цреши во овоштарниците