17 Декември, 2025
0.1444

Муареми тврди дека претресот бил тенденциозен и ќе поднесе кривична против Русковска

Објавено во: Македонија 03 Август, 2022 17:01

Добивај вести на Viber

Првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми, најави кривична пријава против обвинителката Вилма Русковска за претресот во Управата кој се случи пред две седмици. Тој вели дека претресот бил тенденциозен, со цел да му се наруши угледот. 

Кривична пријава против шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Русковска најавија денеска од Управата за финансиска полиција, каде на 18 -ти минатиот месец обвинителите извршија претрес. Кривична пријава ќе поднесат и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои го извршиле претресот. „Не смее Вилма Русковска да ги руши државните институции, да создава јавен впечаток дека Финансиска Полиција е корумпирана и не работи според закон, а истовремено да смета дека никој не смее да ја контролира и оценува нејзината работа“, рече Муареми. 

Обвинителката постапувала по анонимна пријава, а до Судот навела дека директорот на Управата за финансиска полиција сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание и дека располага со докази за основано сомнение дека го сторил тоа кривично дело“.

Русковска деновиве изјави дека јавниот обвинител Љубомир Јовески нема законско право да се меша во постапувањето по конкретен предмет. Претходно од ОЈО соопштија дека констатирале неправилности кај обвинителите што извршија претрес на работата на директорот на УФП Арафат Муареми. 

Можеби ќе ве интересира

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ