Муареми ќе ја тужи Русковска откако Обвинителството го прогласи за невин
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2023 11:23
Поранешниот директор на Упрвата за финансиска полиција, Арафат Муареми, најави тужба против екс-шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која претходно нареди претрес во неговата канцеларија.
Јавното обвинителство вчера објави дека Муареми чувал над 400 предмети во фиока, но дека тоа не е причина Русковска да упаѓа во неговиот кабинет. Во меѓувреме таа беше суспендирана, а разрешен беше и првиот човек на Финансиска полиција.
„Дополнително, ве известувам дека до Основниот граѓански суд имам поднесено тужба против Вилма Русковска, затоа што истата, во неколку наврати во своите јавни излагања во емисиски гостувања, иако свесна за невистинитоста на истите, продолжува да изнесува лажни и невистинити податоци, да лаже и да клевети. Од моја страна, злоупотребите на Вилма Русковска ќе бидат докажани и обелоденети до крај“, се огласи Муареми.
Тој дополнителнои изрази задоволство, како што вели, за тоа дека не е утврдено никакво незаконско работење, ниту пак сторено кривично дело од негова страна.
„Одлуките на обвинителството потврдуваат дека во институцијата со која што јас раководев нема неправилности и незаконитости во периодот на моето директорување. Како што тоа претходно го тврдев, останувам на истиот став дека нападот кон мене беше исклучиво поради нечии лични цели и интереси, притоа злоупотребувајќи ја јавно обвинителската фунција со цел да ми се наштети на мене, на мојот углед и угледот на Управата“, пишува Муареми.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




