14 Декември, 2025
0.2218

МУАРЕМИ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ КОН РУСКОВСКА: Нека дојдат сите странски амбасади, но тие ќе го потврдат вашето неетичко работење

Објавено во: Македонија 04 Август, 2022 11:26

Добивај вести на Viber

Русковска пишуваше синоќа, утрово и возврати Муареми. Продолжува вербалната војна меѓу првите луѓе на институциите во земјава кои го гонат високиот кримнал и корупција. 

Вчера шефицата на ОЈОГОК рече дека е подготвена информациите што ги има нејзиното обвинителство и што ќе ги обезбеди за Муареми да ги сподели со јавноста, па таа нека суди кој е криминалец, а кој борец против криминалот.

Денеска утрово, пак, првиот човек на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, напиша дека ако таа располага со сознанија и информации за криминал што тој го направил, тогаш со јавноста нека сподели обвинителен акт, а не празни и неосновани информации. Тој исто така во својот одговор наведува дека одговорност за, како што го нарече, самоволието на обвинителката, мора да има.

-Улогата на еден јавен обвинител најмалку од сè е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информации со јавноста за таа да суди кој е криминалец. Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета. Оттука, ја повикувам Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да ѝ пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитирајќи ја во целост функцијата која ја извршува, пишува Муареми.

Тој во реакцијата додава дека негонењето криминал поради притисоци е кривично дело, а за честа и угледот на обвинителната вели дека е беспредметно да коментира.

Во врска со повикот на Русковска меѓународната заедница и европската обвинителка Лаура Ковеси да ги проверат сите предмети што ги работи нејзиното обвинителство и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминал, а кој прави криминал, Муареми одговара дека се придружува на повикот. Меѓутоа, како што вели, за меѓународната заедница да го провери нејзиното незаконско работење што го констатирал и државниот обвинител Љубомир Јовески.

-Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош“ – нека го потврдат и тие она што јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина