25 Април, 2024
0.0270

МУ ГАСЕА И СТРУЈА И ВЛАДАТА ГО СПАСУВАШЕ СО ДРЖАВНИ ПАРИ И ПАК ДОЛЖИ 70 МИЛИОНИ ЕВРА - кој е државниот борчлија што е „буре без дно“, Финансии излезе со најновите бројки

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Никако барем малку да се намали долгот на државниот загубар и должник број еден, Македонски железници транспорт. Напротив, тој продолжува да расте, иако државата постојано помага со финансиски инјекции од буџетски пари.

Министерството за финансии ги објави најновите бројки за долгот на државните и јавните претпријатија и институции, кој покажува дека на крајот на минатата година задолженоста на ова државно АД опасно се доближува до 70 милиони евра, или попрецизно, тој изнесува 68,6 милиони евра.

Тоа е повеќе од претходниот период, но притоа треба да се напомене дека долгот на оваа државна компанија која се занимава со железнички превоз никогаш и не се спуштил под 60 милиони евра.

Фактор во јануари годинава објави текст во кој направивме анализа на Финансискиот извештај за МЖ Транспорт за 2021 година, како и на ревизорскиот извештај направен за МЖ Транспорт, од кој може да се извлече заклучок дека тоа е несомнено најголемиот македонски државен загубар.

Тогаш сме објавиле податок дека според извештајот за работењето на МЖ транспорт за 2021 година, објавен на берзата, иако во функција се само 14 од вкупно 62 влечни возила, односно локомотиви и возови, оваа компанија има долгови од 102 милиони евра, и акумулирана загуба од 80 милиони евра. Додека, пак, во последниот достапен извештај, независниот ревизор одбил да даде мислење за бројките на оваа компанија, дури и со резерва. Овие негативни финансиски резултати се трупаат, и покрај тоа што Владата на оваа компанија во 2021 година и одобрила и доделила субвенции од осум милиони евра.

Една година потоа, пак, според зборовиоте на самиот министер за транспорт и врски, на МЖ и се одобрени над 12 милиони евра како државни субвенции за 2022 година. Како причина зошто се субвенционира овој државен загубар, Бочварски ја наведе виталната важност на ова државно АД за земјава, а меѓу другото, неговата важност се гледала и во тоа што превезува и енергенси.

Па така, во декември лани сме објавиле текст дека околу 3,3 милиони евра му биле префрлени на АД МЖ Транспорт, за да може да го плати долгот кон ЕВН, поради кој дури дојде и до кратко исклучување на електричната енергија. Парите се префрлени од буџетот кај Министерството за транспорт и врски, потврди министерот Бочварски. Одлуката била изгласана во Собранието со прераспределба на средства за буџетските корисници. 

МЖ Транспорт, како што тогаш беше објавено, имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија.

„Ова претпријатие, кое е витално претпријатие, и во време на криза да продолжи да ги врши обврските и дејноста за којашто е формирано и да продолжи со работа и во делот на товарниот и во делот на патничкиот транспорт“, изјави Бочварски како аргументација зошто Владата одобри, а Собранието изгласа, државни пари за подмирување на големиот „железнички“ долг.

Сппоред најновите бројки на Финансии, на второ место е второто железничко претпријатие, МЖ Инфраструктира, со долг од 31,6 милиони евра. Оваа неславна позиција секогаш ја има овој државен должник, а долгот од период во период никако не се намалува, туку продолжува да расте.

Третото место речиси секогаш е резервирано за досегашно АД НЕР, кое според податоците на МФ, има на крајот на декември лани вкупен долг од 26,3 милиони евра, кој за воља на вистината е малку намален, откако претходно се искачи до фантастични суми поради стар прокнижен долг за гасификацијата. Долгот од над 26 милиони евра со кој АД НЕР ја заврши минатата година сега сигурно ќе биде префрлен на новата државна компанија која се формираше од АД НЕР и ГА-МА, која ќе се вика НОМАГАС, а овие две претпријатија ќе престанат да постојат.

Четврти должник е Јавната установа од областа на здравството, која постојано е во првата десетка, и чии долг сега е 16,7 милиони евра, а петта е општата болница Кичево, која успеала да натрупа задолженост од 14,1 милиони евра.

Општина Тетово е исто еден од редовните должници и е шеста со долг од 13,7 милиони евра, а следуваат ЈЗУ Клиника за онкологија и ЈП Колекторски систем Скопје со долг од по околу 9,4 милиони евра, па ЈП Водовод и Канализација Скопје со 9,2 милиони и на десетто место е ЈП Водовод Куманово, кој должи 8,9 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?