06 Мај, 2024
0.0227

Мрежата на Македонски Телеком станува уште подобра сега со 4G пристап насекаде низ Македонија

Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

-Двојно повеќе интернет во Smart и Magenta 1 тарифните модели за уживање во најдобрата4G мрежа
-Телеком ja разви Telekom NetTest апликацијата со која корисниците ќе можат да мерат параметри на мобилната мрежа во реално време

Македонски Телеком постојано инвестира во својата инфраструктура со цел на  своите корисници да им обезбеди стабилна мрежа и покриеност, без оглед каде и да се наоѓаат. Како резултат на тоа, корисниците на Телеком сега имаат 4G пристап насекаде низ Македонија.  

Со цел да уживаат во најдобрата мрежа, компанијата на своите корисници им нуди двојно повеќе интернет во Smart постпејд и Magenta 1 тарифните модели. Понудата се однесува за сите нови корисници, за постојните постпејд корисници кои ќе обноват Договор за Доверба 24 или Доверба 12, како и за сите кои што ќе склучат нов Договор за Фамилијарен буџет.

Македонски Телеком останува фокусиран на корисниците да им овозможи врвни услуги и пристап до најдобрата мрежа. Во таа насока, компанијата ја разви мобилната апликација Telekom NetTest, којашто го мери квалитетот и брзината на мобилната мрежа во реално време. Апликацијата има за цел да обезбеди податоци со кои уште повеќе ќе се подобри мобилната мрежа на Телеком, а воедно и ќе го подобри корисничкото искуство.

Со Telekom NetTest, корисниците самоиницијативно ќе можат да ја измерат брзината на мобилниот интернет (ping, upload & download), да ја потврдат средината  каде се наоѓаат ( на отворено, затворено или се во движење) и да дадат оценка колку се задоволни од мобилниот интернет.

Апликацијата прави мерења исклучиво на мобилната мрежа, а тестирањата не одземаат од интернет сообраќајот вклучен во пакетот на корисникот. Telekom NetTest апликацијата може да се преземе на следниве линкови: за Android https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.telekom.cne.tmmkи за iOS https://itunes.apple.com/us/app/telekom-nettest/id1244391929?ls=1&mt=8

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“