МОЖНО ЛИ Е НА ДРЖАВНИТЕ ЧИНОВНИЦИ ПЛАТИТЕ ДА ИМ СЕ НАМАЛАТ ОД 10 ДО 30 ОТСТО ЗА СЕДЕЊЕ ДОМА - министрите се правдаат, тоа се препораки, се ќе биде согласно законите
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2022 14:25
Владините мерки и препораки за намалување на расходите на буџетските корисници не се насочени кон УПОЗ, ниту се однесуваат кон некого лично. Тоа се насоки за цел јавен сектор, за сите, рече вицепремиерот за екпономски прашања Фатмир Битиќи, за одлуките од 88 седница на Владата од која протече записник, а се однесува на вработените во јавниот сектор.
Во нив, според Битиќи, се дадени совети што треба да направат институциите од централната и локалната власт, јавните претпријатија и акционерските друштва.
Одговорајќи на новинарско прашање за документот што го објавија синоќа претставници на УПОЗ во телевизиско гостување, Битиќи нагласи дека сега, во услови на криза, не треба да се калкулира.
„Тоа е за сите, за цел јавен сектор. Во период на криза не е период на калкулации. Таму има дадени совети што треба да направат и на централна власт и на локална власт и јавни претпријатија и акционерски друштва. Не е насочено лично кон никого. Се е начин на заштеда во овој период. Тоа не е документ и не е насочен кон УПОЗ, тоа оди во насока на креирање на методологијата и на законот за плати, така да, сеопфатно ќе се дадат резултатите“, рече Битиќи.
Според тие препораки,. како што објави Фактор, треба 30 отсто од вработените во јавниот сектор да работат од дома, а кога ќе работат од дома да им биде намалена платата. Исто така се предвидува да нема склучување на колективни договори, а веќе постѕоечките да бидат укинати, односно да се ревидираат и доколку се најде дека имаат фискални импликации, да не се продолжуваат, односно да се откажуваат.
Тоа, пак, според УПОЗ, значи апсолутно мешање на Владата во работата на синдикатите, што е спротивно на закон, на Устав и кршење на конвенциите.
Според УПОЗ, се зборува дека платите на вработените што ќе седат дома ќе се намалуваат од 10 до 30 отсто, при што на вработените кои се најниско ниво, а тоа се референртите, намалувањата би биле од 10 отсто. Како што објаснуваат од овој синдикат, ако на референт му се намали платата за 10 отсто, неговата плата ќе дојде под минималната.
Министерот за правда, пак, Бојан Маричиќ, прв пат слуша за овие препораки.
„Мерките што ги предлагаме како Влада и кои треба да се спроведат преку законите се со една цел – да се подобри кондицијата на Буџетот и на јавните финансии и да се преброди оваа кризна година со најмалку можни последици“, изјави денеска Маричиќ, наведувајќи дека првпат слуша за намалување на администрацијата како конкретна мерка.
„Немам информација дека ќе има намалување на бројот. Првпат го слушам ова и не можам да коментирам“, рече Маричиќ, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир посветена на Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата.
Н.Н.Ф.Можеби ќе ве интересира
Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?




