MОЖНА Е ВОЈНА МЕЃУ ИНДИЈА И ПАКИСТАН: Функционер тврди дека ќе има напад за два дена
Објавено во: Свет 30 Април, 2025 16:53
Затегнати се односите меѓу Индија и Пакистан и можно е да избие војна по нападот во спорната област Кашмир неодамна каде беа убиени туристи.
Тензиите дополнително се влошија откако висок пакистански функционер рано утринава изјави дека има „веродостојни информации“ дека Њу Делхи планира воена акција против Исламабад во следните 2 дена, објави Си-Ен-Ен. Претходно, САД и Кина ги повикуваат двете страни на воздржаност.
„Пакистан има веродостојни информации дека Индија планира да изврши воена акција против Пакистан во следните 24 до 36 часа“, изјави пакистанскиот министер за информации, Атаулла Тарар, во невообичаен пост на мрежата Икс среде ноќ.
Тој не даде дополнителни детали за тоа какви докази има Пакистан.
Милитанти убија 26 туристи во планинскиот град Пахалгам во индискиот дел на Кашмир пред една недела.
Индија го обвини Пакистан дека стои зад нападот, но тоа обвинување Исламабад го негира. Пакистан понуди неутрална истрага за настанот.
Пакистан и Индија досега водеа три војни за Кашмир.foto AP
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




