Можен е драматичен пад на приходите: Владата да ги заштити платите и работните места
Објавено во: Економија 17 Март, 2020 07:03
Намалената економска активност ќе доведе до намалена наплата на даноците, категорични се економските експерти. Велат дека Министерството за финансии е пред предизвикот да обезбеди соодветно ниво на приходи, во услови на сериозно намален потенцијал за тоа, со истовремен пораст на расходите за мерки кои треба да доведат до санирање на штетите предизвикани од пандемијата. Велат дека повременото затворање на границите во различни држави што го ограничува движењето на стоките и луѓето, во комбинација со потенцијално намалена домашна потрошувачка, може да доведе драматичен пад на приходите.
„Оттаму, во моментов исклучително важно е да се заштити потрошувачката, особено потрошувачката на домаќинствата, па оттаму првите мерките за справување со последиците и штетите од COVID-19 мора да бидат насочени кон заштита на работните места и платите на работниците. Понатаму, потребно е да се дефинираат сетови на мерки за извозно ориентирани претпријатија и специфична помош по дејности, вели Анета Димовска, самостоен советник во Стопанската комора.
Таа вели дека има механизми за тоа и посебен вид на даноци од кои може да се обезбедат дополнителни приходи.
“Во ова време на COVID-19, не е значајно само да се обезбедат средства за финансирање на потребите во секторот здравство, туку во прашање се доведуваат потребите на севкупната економија, вели Димовска.
Инаку најголемиот дел од приходите во буџетот доаѓаат од индиректните даноци, односно од даноците на потрошувачка - од ДДВ и од акцизи. Лани од нив во буџетот се остварени приходи во износ од 78.146 милиони денари или над две третини од вкупните даночни приходи во 2019 година.
Инаку Стопанските комори веќе побараа некои даночни олеснувања - одложување на даночните обврски во секторите и фирмите погодени од коронавирусот. Бараат и мораториум на месечните аконтации за данок на добивка и обврските за ДДВ додека трае кризата. Се бара и субвенционирање на персонален данок и данок на личен доход за сите вработени, но и намалување на данок на личен доход за период од 3 месеци, поврат на ДДВ да се врши со зголемена динамика.
Владата вчера ги замрзна цените на основните намирници. Се најавуваат и нови економски мерки.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања





