29 Март, 2024
0.0250

МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА ИМ КАЖЕ НА НАШИТЕ БАНКАРИ - кризата е голема, не брзајте со дивидендите

Објавено во: Финансии 22 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Ако може на американските банки јасно да им се каже дека во време на корона кризата, за која сите предвидуваат дека ќе доведе до длабок пад на економијата, не треба да исплаќаат дивиденди, туку да го чуваат и зголемуваат својот капитал со цел да бидат подготвени и за најнегативните сценарија, и тоа директно од првиот човек на ФЕД Банката во Минеаполис, зошто тоа да не може да им се наложи и на македонските банкари.

Фактор ја праша Народната банка зошто, ако една таква мерка им се препорачува на американските банки, тоа не би важело и за нашите банкарски институции.

Од централната банка за Фактор велат дека нема сомнение оти корона кризата е многу сериозна, и дека тие дале препорака до нашите банки да го зајакнат својот капитал, и покрај нивната добра капитализираност. Ова се бара со цел банките да имаат доволно пари да кредитираат, но и да ги покриваат кредитните загуби кои ќе им се случат поради корона кризата.

„Нема сомнение дека во моментов, сите се соочуваме со големи предизвици, бидејќи пандемијата на КОВИД-19, иако е шок од неекономски карактер, остварува влијание врз светската и домашната економија. Ние будно ги следиме случувањата во економијата, како и перформансите на банките. Во оваа насока, и покрај високата капитализираност на нашиот банкарски систем, ние, како и Европската централна банка и како и другите централни банки во регионот, дадовме препорака до деловните банки за натамошно зајакнување на нивната капитална позиција. Ова секако има за цел да обезбеди услови и за понатамошна  кредитна поддршка, при истовремено задржување на капацитетот за покривање на евентуални кредитни загуби како последица на ефектите од корона-кризата“, велат од централната банка.

И покрај тоа што монетарните власти уште од поодамна, буквално кога почна коронакризата, им препорачаа на банките да не брзаат со исплатата на дивидендите, нашиот банкарски сектор не ја послуша препораката. Нивната аргументација е дека со исплатата на дивидендите ќе влезат свежи пари во економијата, што ќе помогне да се ублажи ударот од коронакризата.

Ја прашавме централната банка дали има некаков модел со кој НБМ би ги принудила банките засега да се воздржат од исплата на дивиденда, барем додека трае кризата. Исто така, ако се стравува дури и за безбедноста на американските банки, дилемата е дали нашите банки се сигурни доколку дојде до силен економски пад, како и дали и до кога тоа може да се гарантира.

„Нашите оцени и согледувања упатуваат дека банкарскиот систем е здрав, стабилен и поставен на цврсти основи, со капацитет да се справи со различни шокови. Тоа го потврдуваат сите актуелни податоци и досегашните движења, што редовно ги следиме. Поконкретно, тие покажуваат висока капитализираност, високо ниво на ликвидност и многу солиден квалитет на активата со којашто располага банкарскиот сектор. Адекватноста на капиталот е 16,3 отсто и е подобрена во однос на 2008 година, кога домашната економија се соочи со голем шок предизвикан од тогашната глобална финансиска криза. Учеството на ликвидната во вкупната актива изнесува 30 отсто, што исто така е повисоко во споредба со тој период. Подобрен е и квалитетот на активата, којшто е значајна детерминанта на кредитната активност. Нивото на нефункционални кредити во моментот е околу 4,8 отсто од вкупните кредити и е едно од најниските споредено со земјите од регионот, а истовремено е и историски најниско ниво на овој показател“, уверуваат од првта монетарна куќа во земјава.

И ВОНРЕДНИТЕ ТЕСТОВИ ПОКАЖАЛЕ ДЕКА БАНКИТЕ СЕ ОТПОРНИ НА ШОКОВИ

Од НБМ додаваат и дека стабилноста на банкарскиот систем и неговата отпорност на шокови се потврдувале и преку редовните стрес-тестови, што таа ги спроведува на редовна квартална основа. И вонредните тестови покажале дека банките се отпорни на шокови.

„Последниот редовен стрес-тест беше подготвен со податоци од крајот на претходната година, а во меѓувреме направивме и бројни дополнителни анализи и стрес-тест симулации за да ги оцениме ефектите од тековните случувања. Сите тие покажуваат висок капацитет на системот за апсорбција на шокови, дури и при поизразени неповолни сценарија“, велат од централната банка.

Од Народна банка очекуваат банкарскиот систем да остане стабилен и сигурен и во следниот период. 

Сепак, монетарните власти сметаат дека веројатно, заради актуелниот шок, ќе дојде до појава на нефункционални кредити во билансите на домашните банки. Но она што е клучно, тврдат, е дека добрата кондиција и силните капитални позиции на домашните банки оставаат доволно простор за апсорбирање на евентуалните загуби, без притоа да биде загрозена стабилноста на банкарскиот систем.

И повторно, од НБМ даваат една „тивка“ и сосема ненаметлива препорака до банките, да размислат уште еднаш со исплатата на дивидендите.

„Високото ниво на прудентност при носењето на одлуките за распределба на добивката на банките, дополнително би придонело за натамошното успешно одржување на сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор“, е ставот на централната банка.

А во колумна за Financial Times, претседателот на ФЕД Банката во Минеаполис напиша дека големите американски банки, ако сакаат да бидат дел од решението на кризата од коронавирусот, најпатриотско нешто што денес можат да го сторат ќе биде да престанат да исплаќаат дивиденди и да соберат капитал, за да се осигурат дека можат да издржат длабок економски пад. 

„За разлика од сите нас, банките имаат можност суштински да се вакцинираат против оваа криза. Тие треба да го сторат тоа сега“, пишува сосема јасно Кашкари, укажувајќи на ноншалантноста со која се поставија американските банки, кога се појавија финансиски потешкотии во 2007 година, а потоа мораше да бидат спасувани со државни пари.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка