03 Мај, 2024
0.0288

МОЖЕ И ДА НЕМА РАБОТНО ИСКУСТВО, АМА МУ ТРЕБА ВОЗАЧКА ОД Б И Ц КАТЕГОРИЈА - што треба да исполни помладиот соработник во АЦВ кој ќе зема над 52 илјади денари

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба покажа уште еднаш дека е една од убедливо најдобро платените институции во земјава.

Таа деновиве распишала оглас за вработување на помлад соработник за јавни набавки во Секторот за финансиски работи.

Неговата нето плата ќе изнесува ни помалку ни повеќе, туку 52.440 денари, се вели во огласот кој е распишан преку Агенцијата за администрација.

Општите услови што ќе треба да ги исполни овој вработен, односно да е државјанин на земјава, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен,да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, а посебните услови се факултет, односно ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, а со или без работно искуство во струката.

Но, интересно е дека тој човек треба да поседува и возачка дозвола од Б и Ц категорија, што е наведено во дополнителните услови на огласот.

Инаку, се напоменува дека на ова место, согласно годишниот план на институцијата, треба да се вработи Македонец.

А покрај огласот на АЦВ, општините не престануваат со вработување, но не само тие, туку и јавните комунални претпријатија кои се формирани од општините, а огласи има и од министерства, јавни здравствени установи и слично.

Само вчера осамнаа поголем број огласи на веб страната на Агенцијата за администрација.

Оглас  голем број вработувања, дури 14, распиша Јавното претпријатие Комуналец од Прилеп, и тоа главно референти, соработници, како и други профили, со плати од 19 до 29 илјади денари.

Министерството за образование и наука, на пример, има распишано огласи за три вработувања, и тоа за Раководител на секторот за организациони работи, чија плата ќе биде 37.625 денари, како и за помлади соработнии за училишен спорт и за оперативна поддршка на стратешкото планирање, со плати од близу 21 илјади денари.

Општина Аеродром им огласи за 4 вработувања, при што раководителот на одделението за правни работи што се бара ќе има плата од околу 30.000 денари, додека, пак, се бара и помлад соработник за спорт, кој ќе зема 22 илјади денари, исто колку и помладиот соработник за организирање на активностите на градоначалникот. Помала плата од 16.500 денари ќе зема самостојниот референт – сметководител, кој ќе се вработи во таа скопска општина.

Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“ од Пробиштип ќе вработи тројца, а Јавната здравствена установа Општа болница Куманово ќе прими петмина со плати од 17 до 26 илјади денари, но не лекари или сестри, туку административни работници.

Ова покажува дека колку и властите да се колнат и декларативно да најавуваат намалување на јавниот сектор, во реалноста тоа воопшто не е така, туку општините се трупаат со нови и нови кадри, за кои и од самите огласи се гледа дека за нив нема некоја реална потреба.

Не е исклучено дел од овие луѓе за кои сега се објавуваат огласи за вработување, да биле досега ангажирани хонорарно или со договори на дело во општините, а сега да се брза да добијат трајно решение, односно регулирање на работното прашање, пред да се распишат локалните избори, кои треба да се одржат наесен оваа година. Како што е познато, вработувањата во јавниот сектор се забранети пред изборен период, со цел на тој начин да не се влијае врз гласачкото тело во државата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите