27 Јули, 2024
0.0322

МОШ ги отвори вратите – Скопје доби модерен локал за забава и гастрономија

Објавено во: Стил 21 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Вчера во Скопје почна со работа Мош (Mosh Lounge & Music Bar), локал кој ќе биде центарот за ноќна забава и место каде ќе може да уживате во уникатна храна и дневни дружби! 

Мош е спој на луксуз, комфор, врвна услуга и деликатесна храна која за време на ноќните часови се претвора во удобно и опуштено место за музички настани и забава.

Тоа е место за неповторливо дневно и ноќно искуство за посетителите, како што е и нивниот слоган "Your All Day Experience". Со најсовремен ентериер и технички можности претставува симбол на современост во Скопје, но и пошироко. 

Во Мош може да се најде најдобрато суши во градот, приготвено од врвни готвачи со големо искуство. Покрај суши, може да изберете од широката палета на интернационални и локални јадења. Покрај храната, нивните баристи приготвуваат навистина квалитетни кафе напитоци, а барот е секогаш подготвен да ве изненади со коктели кои се шик. 

Сопствениците и менаџментот на Мош ветуваат неповторливи забави скоро секој ден од неделата! Велат дека квалитетна, разновидна и константна музичка програма му недостига на Скопје, но и на Македонија. 

Отсега Македонците не ќе мора да одат во странство за да искусат врвни забави. 

Емил Угриновски косопственик на Мош изјави: „Од Мош направивме концепт кој ќе биде целодневно врвно искуство за нашите посетители. Целосно е реизграден објектот во рекордно време за само 74 дена. Проектиран и изведен е според најсовремени стандардни за ресторанско и lounge работење, а истовремено да се трансформира преку вечер како локал за музички настани, за кои имаме напредна техничка опрема за озвучување и осветлување. 

Заедно со моите партнери направивме голема инвестиција во Мош за да донесеме во Македонија нешто ново и добро како што немало досега. Очекуваме за многу краток период Мош да стане најпопуларно место во градот каде ќе доаѓаат не само луѓе од околината, туку да биде и место кое ќе го преферираат туристите. Околу оперативниот концепт може да потенцирам дека нашиот менаџерски тим, иако млад, е целосно посветен и работи на креирање на квалитетна музичка програма која ќе не одвои од сивилото во Скопје. Наскоро ќе може да уживате во настани кои ќе бидат авангардни и ќе се бара место плус“, нагласи Угриновски. 

Mosh Lounge & Music Bar се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. Дебарца 2. За повеќе информации може да ги заследите на нивниот Instagram профил.

Можеби ќе ве интересира

МЕЛАНИЈА ТРАМП ВО СТАР КОМПЛЕТ ОД 3.000 ЕВРА - со еден потег на целиот свет му покажа каков однос има со сопругот

МЕЛАНИЈА ТРАМП ВО СТАР КОМПЛЕТ ОД 3.000 ЕВРА - со еден потег на целиот свет му покажа каков однос има со сопругот

ЕКСМИНИСТЕРКАТА НИНА АНГЕЛОВСКА СТАНА МАЈКА, ДОБИ СИНЧЕ - еве ги информациите

ЕКСМИНИСТЕРКАТА НИНА АНГЕЛОВСКА СТАНА МАЈКА, ДОБИ СИНЧЕ - еве ги информациите