Момчиња истепале дете од Кина во српско училиште, тоа донело нож
Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2023 17:52
Уште еден случај на врсничко насилство е регистриран во Србија.
Во ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Нов Белград, еден од родителите на учениците за „Блиц“ тврди дека две деца претепале момче од кинеска националност во соблекувалната за време на физичко образование, а тој следниот ден донел нож во училиште. Родителот рекол дека две паралелки од седмо одделение имале заеднички час по физичко и дека за тоа време момчето, кинески државјанин, останало во соблекувалната и играло на телефон.
Потоа, како што тврди таа, дошле три момчиња, едното го држело додека другото го тепало. Момчето, наводно имало хемиско пенкало во раката и бранејќи се избодело едно од момчињата во кошулата.
Родителот понатаму вели дека ученикот од Кина следниот ден дошол на училиште со нож и им го покажал на соучениците. Но, тоа не бил единствен случај. Детето и претходно трпело насилство.
Директорката Сузана Липиќ, вели дека истрагата е во тек, и дека „училиштето нема да игнорира ниту една насилна ситуација“. На 3 мај годинава во училиште во Белград се случи масакр, при што загинаа 10 луѓе. Масакрот го изврши 13 годишно дете.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




