МОМЧЕТО УБИЕЦ СЕ СОГЛАСИ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ РОДИТЕЛИТЕ: Почна судењето во Специјалниот суд за масакрот во „Рибникар“

Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2024 11:24
Коста Кецмановиќ (14), кој на 3 мај минатата година уби 9 врсници и чувар во училиштето, се согласил да сведочи во постапката против неговите родители Миљана и Владимир.
Родителите на убиените деца се во судница.
Момчето кое го изврши масовното убиство во основното училиште Владислав Рибникар утрово е донесено во Специјалниот суд за да сведочи во судскиот процес против неговите родители Миљана и Владимир Кечамановиќ.
Тој бил донесен со возило на Брза помош, придружуван од полициски одреди и ќе биде сослушан како сведок.
Пред обвинителството ќе бидат присутни двајца обвинители и главниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ.
Малолетникот денеска е изнесен од психијатриската установа во која е првпат откако го извршил делото.
На судењето покрај адвокатот ќе може да присуствува и оштетениот.
Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот
